Објавени: фев. 28 2022 12:55

Idealen apartman so privaten parking na sovrsena lokacija

Објавени: фев. 28 12:55
Прегледи: 22
Комплетно наместен и простран стан со нова кујна, една спална и покриена двор-тераса погодна за приватен паркинг на две возила или пак за забави, коктели и седенки со пријатели.

И што е најдобро – станот е ПРЕЛЕСЕН за чистење и одржување.

Не можевме да одбереме подобра локација за овoј апартман. Истиот е лоциран на приземје, во мирна населба во Козле. Опкружен со зеленилото на Водно, а сепак толку блиску до градскиот центар, кафулињата, маркетите и местата за социјализација.

Интериерот е идеално искористен со тоа што преовладува чувство на ПРОСТРАНОСТ и ТОПЛИНА. Дневната и комплетно наместената кујна со трпезарија се споени со елегантен шанк за целосна функционалност, соединетост и стил на просторот.

Спалната соба и дневната се одделени со рачно изработен дизајнерски ѕид од дрво и стакло.

Спалната е интимна, екстремно лесна за загревање, со поглед на Водно и населбата. Истата има простор за гардеробри и тоалети.

Станот е на приземје и поседува пространа покриена тераса од 33м2 идеална за приватен паркинг на две возила. Таа исто така може да се користи и за социјални забави и дружби во топлите месеци од годината. Пристапна и урбана, а сепак во мирното подножје на Водно.
Најдобра карактеристика на станот е што е НЕВЕРОЈАТНО ЛЕСЕН за одржување. Комплетно се чисти за еден час или помалку поради идеалната искористеност на просторот.

Технички карактеристики:

- Пространа дневна соба
- Комплетно наместена кујна и трпезарија со излез према терасата
- Една спална
- Една бања со када
- Површина од 67м2 + тераса од 33м2 = 100 м2
- Станот е патосиран со првокласен таркет во беспрекорна состојба
- Греење: инвертер + мала панелка за спалната (*станот исто така има комплетно инсталиран систем за подно греење во СИТЕ простории. Истиот е во полна функционалност и може да се користи.)
- Наместени приклучоци за телефон, интернет и MAX TV
- Со посебна етажна изразеност во постоечкиот имотен лист 23612

Малку е да се зборува за идеалната комбинација на функционалност, квалитет и топлина на овој стан. За да го погледнете јавете се на 070 215 469 и почувствувајте ги овие квалитети од прва рака.
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
22
070215469

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации