Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Брагорски Апартман - Македонски Брод

0 МКД

Оглас од претпријатие Се изнајмува од: Bragorski 01 септ. 09:03 Поврзи се кон претпријатието за да направиш измени
Вид на оглас
Се изнајмува
Огласено од
Продавница
Број на соби
Површина
Брагорски Апартман се наоѓа во Македонски Брод. Апартманот е 120 м2, со неверојатен поглед на планините и на само 100 метри од река Треска.
Станот има две големи спални соби со сопствени балкони, пространа дневна - трпезарија со балкон и комплетно опремена кујна и купатило. Една спална е со брачен кревет, а другата спална е со два еднокреветни кревети. Втората спална има 32” телевизор со Wi-Fi. Трпезаријата има голема трпезариска маса и е идеална за шест лица, со можност до осум лица. Дневната соба има 47” телевизор со Wi-Fi и повеќе од педесет дигитални канали, вклучувајќи ги и HBO, Arena и SportKlub

Апартманот е комплетно нов и се наоѓа во најмирниот дел од градот што подразбира пријатна атмосфера и вистинско место за одмор. Апартманот е оддалечен околу десет минути пешачење од центарот на градот и е на помалку од две минути пешачење до одлично снабдени супермаркети. Многу блиску до апартманот е болницата, како и основното и средното училиште. Во дворовите на овие училишта се достапни фудбалско и кошаркарско игралиште, како и тениски терен. Тенискиот терен е достапен само со претходна резервација. Апартманот е на само пет минути пешачење до Градскиот фудбалски стадион што претставува совршено место за спортување и до Градскиот базен. Автентично за нашиот апартман е нашата градина и големиот број на овошни дрва во нашиот двор. Во дворот има и скара.

Капацитетот на апартманот е за 9 лица. Цената е во зависност од бројот на лица и бројот на ноќевања.

Брагорски Апартман ги прифаќа ваучерите за туризам издадени од Министерството за економија, Влада на Република Македонија.
Bragorski
078452565
Leaflet

Bragorski

2 Огласи во продавницата
Se izdava Bragorski Apartman 0 МКД
Кон почеток