Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Bragorski Apartman

0 МКД

Оглас од претпријатие Се изнајмува од: Bragorski 23 јул. 23:15 Поврзи се кон претпријатието за да направиш измени
Вид на оглас
Се изнајмува
Огласено од
Продавница
Број на соби
Површина
Брагорски Апартман се наоѓа во Македонски Брод. Апартманот е 120 м2, со неверојатен поглед и на само 100 метри од река Треска.
Станот има две големи спални соби со сопствени балкони, пространа дневна - трпезарија со балкон и комплетно опремена кујна и купатило. Една спална е со брачен кревет, а другата спална е со два еднокреветни кревети. Втората спална има 32” телевизор со Wi-Fi. Трпезаријата има голема трпезариска маса и е идеална за шест лица, со можност до осум лица. Дневната соба има 47” телевизор со Wi-Fi и повеќе од педесет дигитални канали, вклучувајќи ги и HBO, Arena, SportKlub и други.

Капацитетот на апартманот е за 9 лица. Цената е во зависност од бројот на лица и бројот на ноќевања.

Апартманот е комплетно нов и се наоѓа во најмирниот дел од градот што подразбира пријатна атмосфера и вистинска место за одмор. Соседството е безбедно. Апартманот е оддалечен околу десет минути пешачење од центарот на градот и е на помалку од две минути пешачење до одлично снабдени супермаркети. Многу блиску до апартманот е болницата, како и основното и средното училиште. Во дворовите на овие училишта се достапни фудбалско и кошаркарско игралиште, како и тениски терен. Тенискиот терен е достапен само со претходна резервација. Апартманот е на само пет минути пешачење до Градскиот фудбалски стадион што претставува совршено место за спортување и до Градскиот базен. Автентично за нашиот апартман е нашата градина и големиот број на овошни дрва во нашиот двор. Во дворот има и скара.
Bragorski
075248392
Leaflet

Bragorski

1 Огласи во продавницата
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации