Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Ednosoben stan od 40m2 vo Ohrid

Се продава од: Владимир 27 ноем. 20:38 Избриши, измени или обнови го твојот оглас
Станот се наоѓа на шести кат, доградба на зграда која е комплет реновирана, со сопствен паркинг простор и лифт кој води веднаш до станот. Истиот се состои од просторија за дневен престој со кујна и засебна спална, пространо купатило и тераса со поглед кон езерото и древниот Охрид, на која тераса се излегува и од дневниот простор и од спалната. Станот се наоѓа комплет на југозападна страна, светол и сончев преку целиот ден, топол во зимските студени денови, а поради одличната изолација, со пријатни температури и во најжешките летни денови. Поради одличната урбанизација на целата населба има простран поглед, свеж воздух, во непосредна близина се наоѓаат неколку големи маркети, детски градинки, гимназија, основно училиште, новиот плоштад кај Мини маркет и уште многу други содржини и на помалку од километар до центарот на градот и пристаништето. Цената на станот е 600 ЕУ по м2, со можност за спуштање на истата доколку навистина Ви се допадне. Мебелот не е вклучен во цената, освен вградените елементи од кујната, но постои можност со договор и истиот да остане.
Владимир
070391365
Leaflet
Кон почеток