Објавени: јан. 04 2022 10:39

Soncev i komforen stan vo Novo Lisice

Објавени: јан. 04 10:39
Прегледи: 1
Се продава исклучително комфорен стан во населба Ново Лисиче. Ориентацијата е кон исток. Станот поседува вкупна површина од 83 м2, и тоа 63 м2 + 13 м2 тераси-станбена површина и 7 м2 подрумски простории, сите заведени во имотниот лист.
Лоциран е на мирна локација, во зграда веднаш до централниот парк на населбата Ново Лисиче, со пешачки пристап до градинка и основно училиште и сопствен заеднички паркинг простор пред самата зграда.
Се наоѓа на 12 кат, со тераси по целата негова должина. Предноста му е едноставниот распоред што овозможува со минимална инвестиција да се оформи како трособен комфорен стан и сеуште да поседува две големи тераси со пространи погледи без згради отспротива.
Кујната има и засебен простор за одлагање-остава, а греењето е централно, со тн. Шведски систем на греење, односно цевките поминуваат низ подот и таванот на станот, што во зима му овозможува исклучителна топлина и комфор.
Цената е 1050 евра од квадрат-станбена површина, или по договор за сериозни купувачи.
Агенциите за недвижнини, ја пресметуваат разликата од цената, дадена во овој оглас, со купувачот.
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации