Македонски | Shqip | English |

Огласи за продажба на украси, прекривки, јамболии и друго

Најразлични украси, прекривки и покривки на продажба на Пазар3.мк!


Регистрирајте оглас доколку продавате прекривачи, јамболии, миленца, навлаки за столици и маси, навлаки за перници или разни украси. Доколку пак барате да купите прекривачи, прекривки или украси разгледајте низ листата со огласи и купувајте по најдобри цени!

Продажба на прекривачи - Пазар3 огласи


Со помош на прекривачите можете да го прикажете стилот кој го преферирате во ентериерот. Доколку Ви се потребни прекривачи за тросед, двосед и фотеља, прекривачи за каучи, прекривачи за аголна гарнитура, нарачајте преку нашиот веб сајт Пазар3.мк! Голем број на огласи за продажба на покривки за тросед, изработка на прекривачи по мерка, постелнини, јоргани, и сл.



Продажба на јамболии / дифтеци - Пазар3 огласи


Јамболиите или поинаку наречени дифтеци, ја претставуваат неверојатната способност на нашите предци да произведуваат домашно ткаени покривки од волна во различни бои и димензии. Јамболијата претставува одлична покривка во текот на зимските месеци, топли многу повеќе него обично ќебе. Во денешно време јамболиите се навистина барани од сопствениците на традиционални угостителски објекти, колекционерите на стари предмети, сите љубители на волнени покривки и оние кои знаат да ја ценат вредноста и квалитетот на еден дифтек. Многумина ги користат како кебиња, како прекривки за кревети па дури и како килими.



На Пазар3 се продаваат одлично сочувани рачно изработени јамболии во повеќе бои и димензии. Исто така се продаваат и рачно изработени килими, миленца, чаршафи за маса, и многу друго.




Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации