Обожавате да патувате, а сепак сакате да ја почуствувате домашната атмосфера? Заштедете парични средства и уживајте во авантурите кои ги нуди патувањето со kamper. Погледнете ги огласите за продажба на кампинг возила и изберете kamper по Ваш вкус. Тука, во оваа категорија на Пазар3.мк се продаваат кампери од повеќе добро познати производители на кампери.
12 500 ЕУР
За сите љубители на кампувањето, патувањето со kamper претставува стил на живот. Голем број на туристи користат сопствени или изнајмени кампинг возила за патување во и надвор од границите на нивната држава.
Одморот со kamper им овозможува на патниците да излезат надвор од секојдневието и да ги избегнаат вообичаените, натрупани, планови за патување. Наспроти тоа, патувањето со kamper создава можност да се истражат не толку познати турстички дестинации кои пленат со својата убавина, недопрена природа, раскош, и извонредни пејзажи.
Дополнително, патувањето со kamper или друго кампинг возило е по поволна варијанта за Вашиот буџет, бидејќи на тој начин ќе ги избегнете високите сместувачки трошоци.
Доколку и Вие ги согледавте убавините на патувањето со kamper, и се одлучивте следниот Ваш одмор да го поминете кампувајќи, погледнете ги огласите на Пазар3.мк за продажба на kamper и слични кампинг возила.
Тука, во оваа категорија на сајтот се продаваат секакви видови на кампери, од повеќе марки и модели. Кампери со помала или поголема димензија, опремени или празни, и други се огласуваат онлајн. Исто така, ќе сретнете и огласи за продажба на кампери со камп место, поставени во добро познатите туристички места низ земјава како Елешец, Љубаништа, Градиште, Крани итн.
Создадете своја сопствена атмосфера, и внесете мирис на домашен амбиент, со тоа што камперот ќе си го опремите по Ваш вкус. Патувањето со kamper, на некој начин и Ви овозможува да си понесете дел од својот дом без разлика на колку далечна дестинација сте упатени.
Кога ќе пронајдете kamper кој одговара на Вашите лични потреби, следен чекор е да го контактирате огласувачот, односно моменталниот сопственик на камп возилото. Договорете се за цена и транспорт, и веќе можете да ја започнете Вашата камп авантура!
Пораки
Информации за корисникот