Македонски | Shqip | English |

Огласи за издавање на соби и апартмани низ цела Македонија

Соби за студенти, соби за вработени, соби за краток престој или соби и апартмани каде ќе го поминете Вашиот одмор - издавање на соби за секоја намена секојдневно се огласуваат на Пазар3.

 


Соби Скопје

Искористете го филтерот за сортирање на огласите по локација, за да ги погледнете сите огласи за изнајмување на соби за студенти, вработени и за сите оние кои претстојуваат во Скопје за работа или одмор.

Се издаваат соби за дневен престој во Центар, но и во останатите делови од Скопје кои се атрактивни за туристите и оние кои патуваат во градот поради работа. 

За студентите но и вработените во Скопје, собите претставуваат најповолна опција за домување во главниот град. Соби за студенти се издаваат во близина на комплексот факултети, соби над државна болница, соби во Кисела Вода и други населби во Скопје. 

 

Охрид апартмани и соби за издавање

Доколку сакате да го посетите градот богат со историја, културно наследство и природни убавини, резервирајте си го Вашиот одмор во некој од собите и апартманите кои се издаваат во Охрид.

Секојдневно, на Пазар3 се огласуваат удобно опремени соби и апартмани за издавање во Охрид. Соби за туристи се издаваат и во Љубаништа, Пештани и другите познати летни центри во Охрид.

 

Крушево соби

Пронајдете го најдоброто место за зимување или опуштен одмор во природа, со изнајмување на соби и апартмани во Крушево, Маврово, Попова Шапка, Берово и други места каде природата и зимските спортови привлекуваат голем број на туристи.




Кон почеток