Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Пазар3 донираше во

Пазар3 донираше во "Домот за доенчиња и мали деца, Битола"

 

Релаксатори и играчки за секое дете, донираше вчера Пазар3 во Домот за доенчиња и мали деца, Битола.

 

Љубовта и вниманието се незаменливи, меѓутоа среќни сме што нашата компанија е во можност да им помогне на овие дечиња од аспект на средства и помагала за нивен здрав раст и развој.

 

Во текот на вчерашниот ден, вработените во Пазар3 имавме шанса да се запознаеме со дечињата кои се сместени во групни домови во зависност од возраста и нивните потреби. Неопишливо е чувството да се помине макар и кратко време помеѓу тие мали, слатки души, желни за љубов и дружба. Им се заблагодарувме на директорката на домот, и нивните вработени кои топло не пречекаа и ни дозволија да поминеме малку време со нив.

 

Домот за доенчиња и мали деца, Битола, има деца од целиот регион на Битола, вклучувајќи ги и околните градови и села. Соработката помеѓу домот и Пазар3 ќе продолжи и понатаму во облик на донирање храна, лекови и средства за хигиена на месечно ниво.

 

Со овој гест, ги повикуваме и се надеваме дека и другите компании, и сите хумани луѓе, ќе донираат во Домот за доенчиња и мали деца, Битола!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации