Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Политика за колачиња

Последна обнова 28.02.2021

Колачиња, Што преставуваат и за што се користат?

Pazar3 користи технологија на следење т.н. Колачиња / Cookies. Колачињата се користат за да се овозможат подобри услуги и подобро корисничко искуство. Колачињата се мали криптирани / заштитени датотеки. Тоа се мали текстуални фајлови зачувани во компјутерот/мобилниот уред на корисникот. Со цел сите функции на сајтот да се извршуваат непрекинато и ефикасно, веб прелистувачите користат колачиња. Колачињата се корисни за системот на рекламирање и ги бројат уникатните посети. Тоа на Pazar3 му овозможува да се соберат статистики за посетителите и да се користат за внатрешни цели, на пример, се употребува за да не се прикажува истиот банер постојано додека корисникот е на Pazar3. Прифаќањето на колачињата и согласувањето со користење на истите, не е задолжително.

При секое прво отварање на веб страната Pazar3.mk, корисникот добива информација дека веб сајтот користи колачиња. Доколку корисникот кликне на: “Се согласувам” и / или продолжи да го користи веб сајтот или го затвори Pop-Up прозорецот значи се согласува со користењето на оваа технологија согласно објавената содржина на веб страната Pazar3 во делот за колачиња. Технологијата на следење е анонимна и не содржи лични податоци. Исто така, колачињата не можат да читаат други значајни фајлови од хард дискот на корисникот.

Pazar3 исто така користи технологија на следење за градење на пазарни сегменти и таргетирање на аудиториумот базиран на однесувањето на корисниците. Оваа информација е анонимна и се користи само за таргетиран маркетинг. Во никој случај не се прибираат било какви лични информации на корисниците.

Колачињата не се програмски кодови кои можат да се извршат со други функции или да се извршуваат сами по себе, заоа немаат некаква опасност за корисникот. Не треба да се сфатат како вируси и сл.

Видови на Колачиња

Necessary Cookies (Неопходни колачиња) се користат со цел да се обезбедат основните функционалности на веб сајтот и корисникот да може да го користи веб сајтот во целост. Без основите и неопходни колачиња, веб страната не е во можност да функционира со сите вградени функции. Marketing Cookies (Маркетиншки колачиња) се користат за маркетинг активности. Целта е да се прикажат најсоодветни реклами додека корисникот е на веб сајтот. Исто така со цел да се овозможат податоци за посети, Pazar3 користи Statistical Cookies (Статистички колачиња). Social Media Cookies (Колачиња за социјални медиуми) се интегрирани колачиња за функционалностите на социјалните медиуми. Pazar3 е надлежен за колачињата поставени од страна на самиот веб сајт. Pazar3 не е надлежен и нема никаква одговорност во однос на колачињата поставени од трети лица, соработници, партнери, социјални медиуми и сл. Pazar3 ги советува корисниците да ги прочитаат правилата за приватност и правилата за колачиња на соработниците, партнерите и социјалните медиуми (трети лица) за поголема сигурност. Pazar3 не сноси никаква одговорност од колачињата на трети лица.

Исклучување на Колачиња

Доколку сакате, можете да ја исклучите технологијата на следење на Вашиот пребарувач. Тоа се прави преку опцијата за прилагодувања на пребарувачот, во делот за безбедност. Секако, тоа ќе значи и дека нема да може да користите некои од функциите на Pazar3 од моментот на исклучување на технологијата на следење.

Корисни линкови за исклучување на колачињата:

Останати информации

Политиката на колачиња е дел од политиката за приватност на Pazar3.mk. Pazar3 го задржува правото да изврши било какви измени на политиката за приватност и/или условите за користење во кое било време. Таквото изменување стапува во сила со самото објавување на веб страницата. Ве молиме читајте ги основните правила на веб сајтот со цел навремено да бидете информирани за новитетите на веб сајтот.

Контакт со Тимот на Pazar3.mk:
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации