Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Производство на јаболкa во Македонија

 

Јаболкото се вбројува во најздравите и најзастепените овошја во светот, богато со антиоксиданси и витамин Ц. Јаболкото е едно од трите основни овошја што се произведуваат во Македонија. Бербата на јаболка почнува доцна во летото со раните сорти и продолжува во есенските месеци.

Јаболката се многу застапени на домашниот пазар, а дел од количината и се извезува. Квалитетот на јаболката може брзо да опаѓа ако се чува на неадекватна температура и не се контролира релативната влажност. Ова техничко упатство дава препораки за соодветни практики за време на берба и по берба на јаболкото.

Производството на јаболко е главна гранка од овоштарскиот сектор во Македонија. Најзначаен регион за производство на јаболко е Преспанскиот регион кој се наоѓа на надморска висина од околу 850 метри. Во овој регион се произведуваат 90% од вкупните количини на јаболко во Македонија.

Квалитетот на Преспанското јаболко е познат и признат во светот и потврден со многу анализи и контроли на квалитетот.

Околу 20% од вкупното производство на јаболко отпаѓа на индустриско јаболко, што на нашите фабрики им овозможува достапност до квалитетна суровина за производство на јаболков концентрат со врвен квалитет.

 

Со симболично откинување на првото јаболко во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ секоја година официјално започнува бербата на Преспанското јаболко, на големиот Христијански празник Крстовден.

 

Сорти на јаболка кои се произведуваат

При подигање на нови или обновување на стари насади од јаболка изборот на сортата претставува еден од најважните елементи на кои треба посебно да се обрне внимание.

Сортата претставува клучен елемент за создавање на поголем профит на пазарот. За поголема група на потрошувачи начинот на производство на јаболката претставува важен критериум при одредување на квалитетот на плодовите.

Постојат бројни сорти на јаболка кои меѓу себе се разликуваат по вкус, по слаткост или киселост, и по сочност. Јаболкото е едно од најдобрите и најздравите овошја кое треба почесто да се користи во секојдневната исхрана.

Најзастапени сорти на јаболко кои се одгледуваат во Македонија се следниве: Ајдаред, Златен делишес, Јонаголд, Црвен делишес, Грени Смит и други.

 

Начини на консумирање на јаболкото

Јаболкото содржи 40% витамин Ц, а ги содржи и витамините А, Е, Б1, Б2, Б6 и бета каротен. Содржи и минерали како калиум, калциум, фосфор и железо.

Затоа барем едно јаболко дневно може да придонесе за подобро здравје.

Јаболкото најчесто се јаде сирово, но исто така може и да се готви, пече, суши, да се преработува во сокови, мармалади, џемови, а познат е и јаболковиот оцет.

Најдобро е јаболкото да се јади свежо или како сок направен од свежо јаболко.

 

Јаболкото - чувар на Вашето здравје

Јаболкото се вбројува во најздравите и најпристапните овошја на светот. Моќта на јаболкото за човечкото здравје е незаменлива и се препорачува за консумација од најрана возраст. Консумацијата на јаболката има многу здравствени бенефити:

  • Јаболка за побели и поздрави заби,

  • Јаболката го помагаат варењето на храната,

  • Јаболката го зајакнуваат имунитетот,

  • Јаболкота го намалуваат холестеролот и делуваат позитивно на срцето и крвните садови,

  • Јаболката ви овозможуваат подобро дишење,

  • Јаболката помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта и слично.

Благодарение на исклучиво полдната почва, и поволната клима, Македонија е една од водечките држави во производството на јаболка. Покрај тоа, за време на бербата и продажбата на јаболката, многу луѓе имаат можност да направат дополнителна заработка бидејќи во Преспа има голема потреба од работници за берба и пакување на јаболката. Сите актуелни огласи за работа во земјоделството може да ги проверите во соодветната категорија на www.pazar3.mk

Кон почеток