Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

samsung or apple - which one is the better choice for you?samsung or iphone -which one is the better choice for you?


Samsung или iPhone - Кој е подобриот избор за вас?


Кој е подобар избор - Samsung или iPhone? Ова е вечната дилема, но и дебата помеѓу корисниците на уредите од овие производители, а одговорот не е никогаш концизен бидејќи токму овие 2 модели се најпознатите, и најпопуларните мобилни телефони во денешницата.

Доколку во изминатиот период, имате потешкотии во одлучувањето дали е подобро да одберете Samsung мобилни телефони, или пак iPhone, ве советуваме да ја прочитате оваа статија, бидејќи во неа ќе дознаете кои се предностите и недостатоците кои ги нуди вашиот избор.


Оперативен систем

Во поглед на оперативниот систем, несомнено е дека бројот на сопственици на мобилни телефони кои што се базираат на Android е далеку поголем од оние на iOS, а тука спаѓаат сите телефони од samsung / samsung galaxy.

Но, за волја на вистината, iOS е далеку побезбеден, подобро организиран, и побрз, па така, доколку сакате да имате мобилен телефон кој што е лимитиран исклучиво само за еден бренд - Apple, наместо за повеќе брендови како што е случајот со Android, тогаш iphone би бил вистинскиот избор за вас.

Кога станува збор за ажурирањето на системот, важно е да се напомене дека корисниците на мобилни телефони од iphone, без разлика дали станува збор за понови - iphone x, iphone 11, iphone se iphone x, или пак постари модели, ажурирањето оди побрзо и не е толку фреквентно како кај Android мобилните телефони, а тоа значи и помалку фрустрации.

За крај, во овој дел, сметаме дека iPhone телефоните заедно со нивниот оперативен систем - iOS се далеку подобра опција од Samsung и нивниот Android систем.


Дизајн

iPhone е синоним за тенок и лесен мобилен телефон со прекрасен дизајн кој што го заобиколи светот уште од првиот момент кога беше јавно објавен од страна на Стив Џобс во 2007 година.

Воедно, iphone е првиот мобилен телефон кој што направи вистинска револуција во тоа време, особено во сферата на мобилните телефони кои дотогаш вклучуваа повеќе физички копчиња, и не толку убав дизајн, за да подоцна, речиси сите мобилни телефони имаат екран на допир и виртуелни копчиња наместо физичка тастатура.

Но, како што знаете, за вкус не може да се дискутира, бидејќи телефоните на Samsung не се воопшто различни, бидејќи и тие изгледаат модерно, а поради поголемиот број на модели, шансите за да пронајдете мобилен телефон кој што соодејствува со вашиот вкус се навистина големи.

Па затоа, оставаме на вас да одлучите дали моделите на мобилни телефони од Samsung се подобри од iPhone или пак, ситуацијата е обратна?


Камера

Пред да навлеземе во подетална анализа, би сакале да напоменеме дека камерите на двата мобилни телефони се извонредни, a особено ова доаѓа во израз кога би ги споредиле новите модели на iPhone со оние од samsung galaxy линијата кои што спаѓаат во високата класа.

Па така, доколку би ги користиле телефоните исклучиво само за стандардно сликање на селфи фотографии, фотографии со пријателите или окружувањето во кое што се наоѓате, чисто се сомневаме дека би нашле некоја маана, без разлика дали би одбрале Samsung или iPhone.

Во професионална смисла, iPhone е познат по тоа што сликите се малку пореалистични и поживописни, но, новите модели на Samsung се исто така блиску, па дури и во некои сегменти покажуваат и подобри квалитети.

Причината поради ова е што iPhone телефоните имаат подобар алгоритам кој што ја намалува "заматеноста", но, доколку фотографирате слики од природа под услови на одлично светло, тогаш Samsung може и да излезе како победник.

За ноќно фотографирање, iPhone е сеуште лидер, иако новите модели на Samsung Galaxy линијата сè се подобри и подобри.

Ова најмногу се должи на фактот што Apple произведува помал спектар на мобилни телефони, па поддршката за камера е далеку подобра од онаа на Samsung.

На крајот од денот, пред да се одлучите за купување, направете тест со двата телефона, и одберете го оној чија слика најмногу соодејствува со вашиот вкус


Меморија

Кога станува збор за меморијата, уште од самиот старт, специфично за iPhone е тоа што моделите не пристигнуваат со можност за проширување на меморијата со micro-SD картичка, па затоа, повеќе од потребно е да внимавате кој модел ќе го одберете.

За разлика од нив, практиката на Samsung е да произведат мобилни телефони во кои можете да вметнете и micro-SD картичка за проширување на постоечката меморија, што значи и поголема можност за зачувување на фајлови, слики, видеа, апликации и се останато.

Она што е интересно е тоа што Samsung се одлучи нивниот нов модел Samsung Galaxy S21 да оди по стапките на iPhone 12 Pro, Pro Max, па овој модел нема да Ви понуди можност за внесување на вашата micro-SD картичка.

Наместо тоа, овие 3 модели се достапни и со 512GB на меморија, наместо истите да бидат исклучиво понудени во 64GB/128GB верзија.

Во секој случај, Samsung Ви нуди можност за проширување на постоечката меморија доколку се одлучите да земете некој од достапните модели освен Samsung Galaxy S21.


Екран

Во овој случај, важно е да се нагласи дека моделите на Samsung Galaxy и на iPhone имаат неверојатно респонзивен екран кој што инстантно ќе ги регистрира вашите допири од една страна, додека пак, од друга, ќе Ви понуди беспрекорно чиста слика која што ќе биде конзистентна од секој агол на гледање.

Тоа најмногу се должи на технологијата која овие компании ја користат, за ваша информација, високата класа на телефони во која спаѓа Samsung Galaxy S21, таа го користи познатиот Dynamic AMOLED екран, додека пак, Iphone 12 го има познатиот Super Retina XDR OLED екран.

Па, се јавува прашањето - по што се карактеристични овие технологии?

Најпрвин, AMOLED е екран кој што е базиран на технологија која што му дава контрола на телефонот да го обработи секој пиксел индивидуално, се со цел сликата да биде прикажана на најсоодветен начин.

Резултатите се фантастични - контрастот е на врвно ниво, сликата е конзистентна буквално од секој агол, боите се живописни и точни, а светлината е исто така фантастична.

Тоа значи дека двата мобилни телефони ја користат оваа технологија, па затоа, многу е тешко да се каже кој екран е подобар, па затоа, одлуката ја оставаме на вас и на вашиот вкус.

Единствената слабост на AMOLED / OLED технологијата е тоа што тие црпат повеќе енергија од батеријата во споредба со традиционалните LCD екрани.


Батерија

Она кое што е заедничко и за Samsung но и за iPhone мобилните телефони е ефикасната и долговечна батерија која што може да му понуди на корисникот доволно време за да долгочасовно гледа видеа, користи апликации, врши телефонски разговори и се останато, пред да биде приморан да го прикачи својот телефон на полнач.

Генерално, мобилните телефони на Samsung содржат поголема батерија од оние на iPhone, но, позитивната страна кај iPhone телефоните е тоа што нивната батерија е одлично оптимизирана, па така, без никаков проблем би можела да се носи со оние на Samsung.

Одлуката на Apple за да вметне батерии со помала моќност во своите мобилни телефони се должи најмногу на самиот дизајн на iPhone-от кој што е премногу тенок, па самата конструкција не може да дозволи прикачување на поголема батерија.

Од друга страна, опцијата "Ultra Power Saving mode" на Samsung телефоните може драстично односно повеќе часови или пак цел ден да ја зачува батеријата, додека пак, Low Power Saving моде на Apple би ви понудила плус некој час, или пак два.

На крајот од денот, батеријата најмногу ќе зависи не само од изборот на моделот, туку и на начинот на кој што го користите мобилниот телефон, бидејќи видеата, користењето на комплексни апликации и нивото на светлина ќе влијаат кон издржливоста.


Па, што мислите? Кој бренд прави подобри телефони, Samsung или пак Apple? 

Во секој случај, задоволство ни беше да ви ги понудиме предностите и недостатоците и на популарниот Samsung но и на iPhone-от, а вие пресечете, и одберете го оној модел за кој што сметате дека ќе ви понуди повеќе!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации