Regjistroni Pazar3 llogari dhe fitoni 50 denarë.

Servis za turbini za site vidovi vozila

Shpallja e kompanisë Shitet nga: ДАЦ дооел Скопје 08 Gush 17:11 Fshini, ndryshoni ose ripërtërini shpalljen tuaj
Lloji i shpalljes
Shitet
Reklamuar nga
Person fizik
Сервис ДАЦ дооел, располага со Турбо сервис во кој врши продажба на нови и ремонт на сите видови турбини, за мотори со внатрешно согорување.
Во оваа програма спаѓаат:
- Патничка програма (автомобили, автобуси, комби возила)
- Товарна програма (камиони)
Продажба на нови турбини од програмата Mellet.
Ремонтот на турбини подразбира комплетна дијагностика на дефектот, демонтажа и чистење на сите делови, замена на делови и тестирање на специјализирана машина. На вака ремонтираните турбини даваме гаранција од една година (12 месеци).
Вршиме и замена на неисправни турбини со ремонтирани, со гаранција, по принципот старо за ремонтирано. Гарантниот рок, исто така, е една година.
Делови за турбини
При ремонтот на турбини се користат оригинални делови и компоненти од реномираниот светски бренд Mellet.
Mellet е глобален бренд чија централа се наоѓа во Англија, со ограноци во Канада, Полска и Јужна Америка. Повеќе од 20 години (од 1989 година), овој произведувач го снабдува светскиот пазар со делови и компоненти за турбокомпресори.
Сервис на турбини
Турбо одделот ги сервисира сите видови турбини за мотори со внатрешно согорување.
Што се однесува до самиот процес, сервисирањето на турбините се одвива во неколку чекори:
- Дијагностика на дефектот
- Демонтажа на турбината (вадење на турбината од моторот)
- Чистење на сите делови на турбината
- Испитување и контрола на исправноста на деловите на турбината
- Балансирање на осовината на специјализирана машина
- Склопување (составување) на централниот склоп на турбината (осовина со турбинско коло + компресорско коло + поклопец на централно куќиште + сет за репарација на турбокомпресор). Замена на сите делови во зависност од потребата.
- Тестирање на турбината на специјализирана машина
- Монтажа на турбината
ДАЦ дооел Скопје
02/2050-307
Leaflet
Në fillim