ИТНО се продава куќа на атрактивна и мирна локација во Кисела Вода! 078260594
Продавам куќа во Кисела Вода од 226 м2 и дворно место од 365 м2, по имотен лист, додека целиот плац вкупно е 491 м2.
Куќата е на два ката, а секој кат има две нивоа, каде спалните и купатилата се на второто ниво на секој од катовите. Двата ката се споени со внатрешни скали, но одвоени со врата, така да може да се користи и како цела куќа за една фамилија, а бидејќи двата спрата имаат и посебни влезови може да се користи за две посебни фамилии, односно како два посебни стана.
Постои плоча над вториот кат со опциjа за доградба на поткровје.