Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

safe driving tips for older drivers

Совети за безбедно возење кај повозрасните возачи

Безбедното возење, како и прилагодувањето на брзината според законот и пропишаните услови на патот важи за секој возач, без разлика на возраста и на искуството, бидејќи покрај вашиот живот, вие го ризикувате и оној на останатите учесници во сообраќајот.

Но, со текот на стареењето, луѓето се соочуваат со поголеми предизвици при возење, што значи дека искуството не е клучно за безбедно возење, туку постојат работи на кои што треба да се внимава, а истите ќе ги дознаете во оваа статија!

Разберете ги вашите ограничувања

Годините се само бројка, возраста не треба во никој случај да значи дека вашиот дух не треба да остане млад, но, сепак, реалноста е поразлична особено кога се работи за безбедно возење.

На пример, ако се соочувате со болки во рацете при повеќе часовно возење, тоа не значи дека треба да продолжите со долгочасовно возење, наместо тоа, сведете го возењето на минимум, или пак, исклучиво само за случаеви каде што вашите автомобили се неопходни.

Исто така, одличен совет би бил да избегнувате возење на големи, и моќни возила, а истите да ги замените со помали, кои што се полесни за управување на патиштата.

Изборот е навистина голем, што значи дека не би имале никакви потешкотии да пронајдете одлично сочувани половни автомобили на пазарот, вклучитело и на Пазар3.

Избегнувајте возење во тешки услови

Поројните дождови, маглата, снегот, се само мал дел од надворешните фактори кои што значително би го намалиле квалитетот на возењето по патиштата, а кај повозрасните возачи, ова директно би можело да го загрози нивниот живот како и животот на останатите учесници во сообраќајот.

Покрај избегнувањето на возење во тешки услови, ве советуваме да избегнувате и возење во периоди кога гужвите се најголеми, бидејќи многу подобра варијанта би била да бидете во мирување, или пак, да пешачите.

Пешачењето ќе ве одржи во форма, а здраствените бенефити ќе имате прилика да ги почувствувате и самите.

За ваша информација, постојат најразлични алатки кои што ќе ви помогнат да бидете известени околу гужвите на патиштата, тоа можат да бидат стандардните телевизиски вести, GPS системи и апликации на вашите мобилни телефони.

Па така, никогаш не е доцна да дознаете нешто ново, бидејќи речиси и да не постојат модерни апликации кои што не се лесни за управување, и соодветни дури и за повозрасните.

Се разбира, ви препорачуваме да користите помагала на кои што би можеле да ги прикачите телефоните, наместо тоа да го правите самите, бидејќи секое одвелкување на вниманието, без разлика на возраста и искуството може да биде катастрофално на патиштата.

Организирајте го конзумирањето на лекарства

Како што одминуваат годините, така на луѓето се повеќе им се неопходни лекарства за да функционираат колку што е можно подобро, но, она на кое што треба да се внимава е нивната употреба.

Имено, некои лекарства влујаат врз центрите за фокусирање и логично размислување, па, поради тоа, потребно е истите да ги избегнувате особено доколку сакате да започнете со управување на возилото.

Зошто? Бидејќи иако речиси секој бренд на автомобили како Mercedes, Audi, Volkswagen, BMW, Opel, Ford, Fiat, Peugeot, Renault, Toyota и тн, нуди огромна заштита за своите сопственици односно купувачи, сепак, сепак вие сте тие кои што ги управуваат овие возила.

Поради тоа, ве советуваме да се консултирате со вашиот матичен лекар, како и да ги прочитате евентуалните несакани последици од лекарствата, бидејќи се што делува кон намалување на вашата когнитивна способност влијае врз вашата способност за управување со возилото.

Правете редовни тестови и следете го здравјето

Со стареењето, најчестите рецептори кои што се на удар се видот и слухот, а како што сите знаеме, тие се клучни за да бидете во тек со се што се случува на патот, и во окружувањето додека возите.

Препорачливо за повозрасните возачи е да прават тестови од прилика еднаш на 3 месеци или на 6, но, тоа може и да варира во согласност со тоа дали вие чувствувате некаква промена.

На овој начин, вие ќе имате подобра претстава околу вашата спремност за управување со возило, а доколку работите не одат како што треба, тогаш одличен начин би било да најдете сопатник или да користите алтернативни превозни средства.

Возете во склад и не возете под стрес

Една од основните грешки кои ги прави речиси секој возач е тоа да продолжи со возење иако не се чувствува емоционално стабилно поради најразлични причини - приватни или професионални.

Кај повозрасните возачи, краткото дефокусирање од реалноста може да се покаже навистина лошо, бидејќи во споредба со помладите, рефлексите кај постарите се во голема мера успорени.

Од друга страна, редовното придржување кон пропишаните знаци за прилагодување на брзината и користењето на безбедносен појас е од најголемо значење за било која категорија на граѓани, па доколку немате добра прегледност во даден момент, не мора да избрзувате туку одете на сигурно.

Тука ќе можете да прочитате зошто безбедносниот појас треба секогаш да го користите штом влезете во возилото.

Под "сигурно" подразбираме одбегнување на нагли скривнувања или претркувања, бидејќи сепак, и со препорачаната брзина ќе можете да стигнете до посакуваната дестинација, но, овој пат, без ризик!

Во светот, ова се подразбира како "дефанзивно возење", а се поголем број на повозрасни возачи се цел и на едукативни предавања се со цел да бидат спремни на предизвиците кои ги носат годините и условите на патиштата.

Кои се вашите најголеми предизвици при управување на вашите возила по патиштата како повозрасни возачи? Дали применувате некои од гореспоменатите совети?

Во секој случај, ве охрабруваме да започнете со применување на гореспоменатите совети и во пракса, бидејќи на тој начин, вие драстично ќе ја зголемите сопствената безбедност, како и онаа на останатите учесници во сообраќајот!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации