Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

house or apartment - which is right for you?


Стан или куќа: кој би бил Вашиот избор?


Потребата за постојано живеалиште е главен приоритет за секој еден од нас, а најчесто поставуваните прашања и дилеми се дали е подобра варијанта инвестирањето во станови или пак во куќи.

Поради тоа, во оваа статија, ќе се обидеме да ви понудиме конкретни информации кои на најдобар начин ќе ви ги прикажат предностите од живеење во стан и во куќа, па затоа, да започнеме!


Цена

Во поглед на цената, се зависи од квадратурата и локацијата, но, за волја на вистината, куќите повеќе не се скапи како што биле во минатото. Во денешно време постојат и монтажни куќи, па голем број на граѓани се одлучуваат да купат готови монтажни куќи наместо да инвестираат во изградба на нови.

За споредба, при купување на станови, цената која што ја плаќате по квадрат е во голема мера повисока од онаа за куќите, но, пак, трошоците би можеле да бидат помали во други сегменти, а на оваа тема ќе говориме повеќе низ статијата.


Одржување

Кога станува збор за одржувањето, реалноста е дека станот ќе ви понуди полесно одржување бидејќи времето кое што би го потрошиле во чистење, одржување па дури и за греење и ладење би ви бил далеку помал од трошоците кои би ги платиле за живеење во куќа.

Причината поради тоа е ограничениот простор на живеење, непостоењето на двор и повеќе соби на кои што треба да им посветите поголемо внимание за одржување, и се разбира, за загревање.


Безбедност и приватност

Безбедноста и приватноста се навистина релативна работа во модерното живеење, бидејќи не сите луѓе имаат исти сфаќања за што подразбираат под приватност, додека пак, безбедноста е секогаш топ приоритет кај секој еден од нас.

Генерално, живеењето во куќа нуди поголема приватност, бидејќи за разлика од станот, становите не се едни до други, ниту пак, би можеле да слушнете разговор од другата страна на ѕидот како што би бил случајот кога би живееле во стан.

Затоа, според нас, сметаме дека живеењето во куќа нуди поголема приватност.

Ако се прашувате за безбедноста, во минатото, куќите биле далеку побезбедни за живеење отколку становите.

Но, во современиот свет, речиси и да не постои влез кој што нема камери, или пак влезната врата не се активира со шифра или пак со картичка.

Па затоа, резултатот би бил - еднаков! 


Кој е вашиот lifestyle?

Во 21 век, речиси и да не постои човек кој што не живее брзо и динамично, но, сепак, не секој избор на живеалиште може да одговори на барањата и потребите на сите луѓе. Впрочем, тоа е и сосема очекувано.

Па затоа, при донесување на одлука дали да изберете куќа или станови, многу битен фактор е и вашиот животен стил.

Имено, станот е подобра опција за оние кои што водат активен живот и оние кои што поголем дел од времето го поминуваат надвор отколку дома.

Во оваа група, спаѓаат и луѓе кои што повеќе се селат почесто поради работни обврски, се додека не се одлучат за постојано место на живеење.

За споредба, куќата е идеална за фамилијарни луѓе кои што не планираат преселби, или пак, сакаат да уживаат во мирот и присуството на дворот кој што постојано сакаат да го разубават, но, и да прават собири со своите пријатели - скара, дружба и слично.


Понуда и побарувачка

Понудата и побарувачката за станови е секогаш поголема од онаа за куќите, а тоа е и сосема очекувано, имајќи го предвид фактот што градовите постојано се шират, а тоа најмногу се прави преку градење на згради.

Исто така, кон рапидната понуда и побарувачка за станови допринесува и фактот што огромен број на луѓе приоритизираат живеење во стан отколку во куќа, поради кариерниот развој, но, и поради компактноста и удобноста која што ја нудат.

Куќите од друга страна, се исто така актуелни, но, помал е бројот на луѓе од внатрешноста кои што се селат во поголемите градови како Скопје, па во овој поглед, голема предност имаат куќите.

За ваша среќа, Пазар3 како најголем огласувачко-купопродажен сајт во Македонија, нуди одлична понуда на станови и куќи за секој еден од вас, па затоа, разгледајте ги огласите или пак објавете оглас кој што ќе Ви гарантира сигурна купопродажба на станови или куќи!

Тука, би можеле да прочитате и одлични информации дали инвестирањето во недвижен имот за време на пандемијата е вистински избор за вас.


Гаража или паркинг

Паркинг местото е една од најголемите потреби во денешно време, бидејќи луѓето постојано патуваат, а возилата и автомобилите се користат за да се стигне до посакуваната цел кога е најпотребно.

Па така, голем дел од купувачите кои што се во потрага по живеалишта ставаат голем акцент токму и на ова.

За волја на вистината,  една од предностите при живеењето во куќа е токму ова - паркинг просторот кој што ви е потполно бесплатен, и немате дополнителни давачки за ова.

Истовремено, возилото ви е сместено на безбедно место, па така, помали се и шансите некој истото да го оштети.

За споредба, кога купувате стан, во цената е пресметан и паркинг просторот,  додека пак, при купување на стан во градба или новоградба, покрај цената која што ја плаќате за станот, постојат и дополнителни трошоци за паркинг.

Во светот, а и во некои населби во Македонија, дури и станарите се соочуваат со проблем при паркирање бидејќи или тој не постои, или пак, голем дел од останатите возачи паркираат токму во близина.


Домашни миленици

Чувањето на домашни миленици во куќа ви нуди на вас, но и на мачките и кучињата многу поголема слобода, бидејќи не на секое животинче му одговара животот во затворен простор.

На пример, кога би имале добро изграден бокс или куќарка, вашите домашни миленици би имале далеку подобар начин на живот отколку во стан, а воедно, тие не би им пречеле на станарите.

Се разбира, постојат и одлични видови на кучиња кои што се идеални за чување во стан, но и за семејства со деца.

Во секој случај, некои комплекси на згради не дозволуваат чување на домашни миленици низ светот,  иако во Македонија ретко постојат пишани закони.

Сепак, тоа не значи дека во случај, милениците да се премногу гласни, дека соседите односно станарите нема да ви тропнат на вратата.

Токму поради оваа, нашето генерално мислење е дека куќите се подобар избор.


Се надеваме дека на било каков начин ви помогна оваа статија да направите добра проценка кои се предностите и недостатоците за купување и живеење во станови или куќи.

За крај, би сакале да ве запрашаме која опција сметате дека е подобра? Живот во стан или живот во куќа?


Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации