Објавени: мар. 27 2018 05:09

PRIKOLKA SO DVOR VO KAMP PARTIZAN DALJAN

ЕУР

ЕУР
Објавени: мар. 27 05:09
Прегледи: 66
Приколката е мала со брачен кревет, комода, шкаф и две креветчиња на спрат.
Во моментов едното креветче на спрат користи како полици. Над креветите има вградени ормарчиња.
Истата е во возна состојба.
Приколката е преградена, и надвор од неа има еден голем кревет, веднаш до него пластични фиоки и мало масиче. Во овој дел истотака има и кујна со елементи, шпорет, фрижидер, лавабо.
Има и комода со мал телевизор.
Во склоп на приколката, дограден е дел со туш кабина и ВЦ шоља со мало бојлерче. Такашто, не би имале потреба да ги користите тие од кампот.
Целиот овој дел е покриен со кров со метална конструкција. Има довод, одвод, како и струја.
Во дворчето има пластична голема маса, со повеќе столици и мала скара на плин. Дворот е во постојана сенка и ладовина поради големото дрво надвор.
Вкупната квадратура на просторот кој ќе го уживате е околу 35м2, заедно со дворчето.
На 50м сте до плажата и кафичот во којшто за летниот период има многу млади и прекрасни дружби.
Има многу продавници и маркети околу. Соседите се прекрасни.
Цената е 1500 ЕВРА (со простор за договор) и го вклучува горенаведениот инвентар.
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
66
070523849

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации