Оглас од претпријатие Објавени: ноем. 28 2018 08:48

Kako ja izgubiv nevinosta Avtobiografija

МКД

Објавени: ноем. 28 08:48
Прегледи: 5
Автобиографија на Ричард Бренсон Вистинска и возбудлива приказна на претприемачот зад империјата „Вирџин“. Ричард Бренсон со свои зборови за својот живот и за личната филозофија на живеење. Кога станува збор за бизнисот, но и за другите нешта, сер Ричард Бренсон има едноставна филозофија: забавувај се најмногу што можеш – дури и ако тоа бара да ги прекршиш сите правила. Тоа е таа филозофија заради која на шеснаесетгодишна возраст се откажал од школувањето, за да го основа револуционерниот магазин „Студент“ (кога му било речено дека од него се очекува да стане или криминалец или милионер), да ја именува музичката компанија „Вирџин“ (со значење девица, како одраз на неговото неискуство во бизнисот), и да ги победи гигантите како „Бритиш ервејс“ и „Кока-кола“, и тоа со нивен чекан по глава. Низ истите години успева да ги издаде некои од најважните албуми во музичката историја, како оние од Секс пистолс, Џенет Џексон и Ролинг стоунс, да урне многу светски рекорди со своите луди авантури и да изгради деловна империја вредна милијарди долари. Ова е неговата приказна, која ја раскажува со свои зборови и е како и сè останато во врска со Бренсон – забава. Автобиографијата на Ричард Бренсон е многу повеќе отколку само збир од записи и мемоари – таа е приказ на неговиот живот и на начинот на работа, кои се сè само не обични. Но, уште поважно, таа е и ултимативен деловен водич што ги открива неговата уникатна филозофија на тргување, извонредниот успех и неговиот живот. „Ве фаќа уште од првата страница и не ве остава до самиот крај... прочитајте што го мотивира овој брилијантен и вреден човек” - СПЕКТАТОР „Искрен и хумористичен” - ТАЈМС „Неверојатен човек, а ова е неверојатна автобиографија... Одлично дело за читање – секс, балони, интрига и пари” – САНДЕЈ БИЗНИС „Бренсон си ја разголува душата – и сè останато – во еден небелетристички блокбастер... Задолжителна литература за читање” – БИЗНИС ЕЈЏ „Бренсон изгледа настроен да се осигури дека сите, ама баш сите, се забавуваат исто колку што и тој се забавува” - ТАЈМ - See more at: http://knigadodoma.mk/mk-MK/Book/Details/707#sthash.13SpJKog.dpuf Опис на линк

Kniga do doma

Ние ви нудиме да влезете во еден поинаков свет, создаден од книгите. Нашата визија е да ја подигнеме свеста на младите за вредноста на книгата. Од суштинско значење на Книгоиздателството е да се издаваат книги со висок квалитет. Без разлика дали се работи за белетристика, поезија или некоја документарна книга. „Бата прес“ има визионерска цел да создаде стандард на книгите еднаков на стандардите на најуспешните светски издавачки куќи. 
Посети ја страната на нашата продавница
Безбедна достава со ЕЛС
Плаќање после проверка на нарачката
Достава до врата
Купи сега
Достава со “Ecologistic”: од МКД
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно

Продавач

Ние ви нудиме да влезете во еден поинаков свет, создаден од книгите. Нашата визија е да ја подигнеме свеста на младите за вредноста на книгата. Од суштинско значење на Книгоиздателството е да се издаваат книги со висок квалитет. Без разлика дали се работи за белетристика, поезија или некоја документарна книга. „Бата прес“ има визионерска цел да создаде стандард на книгите еднаков на стандардите на најуспешните светски издавачки куќи. 
077502259 http://knigadodoma.mk/
5
Купи сега

Достава со “Ecologistic”: од 120 МКД

Безбедна достава со ЕЛС

Плаќање после проверка на нарачката

Достава до врата

077502259
Купи

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации