To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
„ БЦ – Транском Панел “ ДОО УВОЗ - ИЗВОЗ Ратево, Берово се занимава со производство на масивни плочи со ширинско слепување на елементите. Опремата за производство е од најсовремен тип набавена од Германија и САД. Капацитетот на производство е 60 м3 месечно со работно време од 8 часа на ден. Суровината за производство на масивни плочи е бука (благо парена или бела - природна), бор, даб или друго по ваша нарачка. Димензијата на плочите што се произведуваат може да биде : ширина до 1 000 мм, должина до 2 600 мм и дебелина од 10 мм до 80 мм ( се произведуваат и маси од масивно дрво, ногари за маси од разни димензии со дебелина највеќе 120 х 120 мм ). Заради контрола на квалитетот на готовите производи, погонот располага со сопствена сушара со капацитет од 60 м3, опремена со најсовремена технологија од италјанско производство за водење на процесот – режимот на сушење. Покрај производство на масивни плочи капацитетот има можност да произведува и најразлични елементи и делови за мебел, газишта, патос,кујнска галантерија и друго. Производниот капацитет е лоциран во с.Ратево – Берово, Р. Македонија.
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.