Published: Oct 19 2022 10:26

Se iznajmuva deloven prostor na odlicna lokacija

Published: Oct 19 10:26
Views: 31
СЕ ИЗДАВА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР:

- Се наоѓа на улица Довлеџик, една од најфрекфентните сообраќајници во Битола. Согласно статистички податоци на сообраќајниот факултет во Битола, дневно покрај деловниот простор транзитираат помеѓу 20000 - 25000 возила, што се должи на фактот што сообраќајницата е главна артерија за поврзување на периферијата на градот со центарот, истовремено претставува и магистрален пат кој ги поврзува Битола со Ресен и Охрид како и меѓудржавен пат за целокупниот сообраќај кој транзитира од Грција и Албанија и обратно. Дополнително, просторот се наоѓа на локација која изобилува со големи станбени згради и густо поставени куќи, а моментално во изградба се уште неколку станбени згради. Сето тоа му дава на просторот извонредна локација за обезбедување на видливост за потенцијални муштерии за било каков бизнис.

- Деловниот простор е во површина од 200 м2, со под целосно покриен со керамички плочки, внатрешно реновиран пред неполна недела, со специјално осветлување Филипс наменето за продажни простори, со 14 камери кои го покриваат внатрешниот и надворешниот простор на објектот и целосен систем за видео надзор, алармен систем Парадокс, роло – челична врата за обезбедување на влезниот простор, купатилски простор, задна врата за дотур на стока, клима - инвертер систем за ладење и греење. Просторот е целосно отворен, што дава максимална можност за поставување на било какви сталажи и полици или друг инвентар, овозможува леснотија во контролата на просторот и дава целосен ефект на поставеното осветлување. Располага со одлична изолација, па потребата за греење и ладење ќе биде ограничена максимум само на по два месеци во зимскиот и летниот период соодветно. На надворешниот дел од објектот обезбеден е простор за поставување на реклами и тоа од една страна со димензии 8м. на 3м., од другата 4м. на 2м. и дел кој го обиколува целиот објект. Надворешниот дел од објект, вклучително и просторот за реклами е исто така целосно осветлен.

- ЦЕНАТА Е ПО ДОГОВОР

- Информации на 071 29 44 74
if this Ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
31
071294474

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information