To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Се продава Објект- Стара фабрика ДОНИА Прилеп со вкупна површина од 2.552 м2 по цена од 847.160,00 ЕВРА. Објект е од армирано бетонска градба, лоциран во југо-источниот дел од Прилеп, одалечен 2км од центарот на градот.Одличен пристап до објектот преку асфалтирана улица, со асфалтиран паркинг за околу 30 возила, простор за товарање и растовар на товарни возила и сообраќајно решение за непречено одвивање на внатрешна циркулација на возила.Локацијата е непосредно до Терминалот за царина, 1 км од пожарната станица, 800м од станица за технички преглед на возила и околу 500м од стариот пат Прилеп-Битола...Поседува 2 (две) бетонски товарни рампи лоцирани веднаш до сопствените магацински простори со цел олеснета манипулација на производи и стоки.Во внатрешноста има магацини, производни погони (со санитарни чворови и соблекувални) и административен простор со заеднички ходник (4 одделни канцеларии со различна квадратура, ВЦ и просторија за јадење). Исто така на спрат веднаш до канцелариите има и апартман за сместување на 3 лица комплетно опремен со кујна, ВЦ со туш, дневен престој и спална...Просторот наменет за производство и е комплетно покриен со електрична инсталација, осветлување и вода.Комуникацијата помеѓу производниот погон на приземје и спрат е со внатрешни скали и товарен лифт за транспорт на производи со носивост од 1(еден) тон.Објектот поседува ПП-заштита, хидрантска мрежа изведена согласно постоечкиот Елаборат за ПП-заштита и ПП-централа за дојава на пожар.
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.