Published: Dec 14 2023 12:41

Издавам деловен простор од 160м2 во Кисела Вода - Расадник

EUR

/ monthly
Published: Dec 14 12:41
Views: 29
Деловниот простор се состои од споени 2 стана од 80м2, на улица 1512, број 1, влез 1, кат 4ти.

Канцелариите се нови (Септември 2015) гледаат кон исток, запад, север. Имаат приватно греење на парно (приватни 2 котли од 12kw, со смарт контролори), имаат клими во секоја соба, и 2 оптички интернета од Телеком и 30+ бироа и столици.

Идеално за ИТ компании, или сервисно ориентирани компании. Зградата има многу паркинг простории, кои се јавни, и не се наплаќаат.

Зградата има на приземје ресторан (15за12), како и супермаркет (Dim Market). На 300м има 2 домашни кујни со огромен избор на храна (Kanape и Boni-Lu), како и неколку кафиќи (Point Café) и (Get Cafe)

Еве опис за секоја соба, во огласот има една слика со бројки за подобро објаснување (Стан 1):

• Просторија 1: Ходник (8м2) – просторно за плакари, или оставање на велосипеди

•Просторија 2: WC (3.5м2) – опремено со плакар, огледало, и санитарија.

•Просторија 3: Канцеларија (13м2) – Има 4 бироа + 4 столици. Има пристап до оптички интернет, венецијанки, и 3.5KW инвертер Samsung клима, како и приватно парно. Дополнително, има бела табла, и пристап до сопствена тераса (Просторија 4) од 2м2. Терасата е комплетно опремена со дрвени столици, клупа, маса.

•Просторија 5: Мала канцеларија (9.3м2) –Канцеларијата беше користена од CEO-то на компанијата. Како такво, има посебен теписон, голема бела табла и флипчарт, 50 инчен Samsung Телевизор, Биро, и црн двосед. Поседува ST клима и приватно парно. Целата просторија е акустично средена со панели, идеална за конференции, подкасти и снимања.

• Просторија 6: Голема канцеларија (36.5м2) – Главна канцеларија со 10 бироа и 10 столици. 9 се поставени по ѕидовите, и 1 менаџмент позиција. Поседува 5kW Samsung инвертер клима, приватно парно, и вграден оптички интернет. Просторијата гледа кон север, запад, и има 2 тераси. Првата тераса (Просторија 7) од 3.3м2. Терасата е комплетно опремена со дрвени клупи и маса.

• Просторија 8 & 16: Двете тераси се споени, и се претворени во надворешна кујна од 6м2. Кујната комплетно опремена од медијапан, фриждер, плотна, еспресо машина. Терасата е од надвор преградена со стаклени прегради кои се флексибилни за движење. Терасата има и греалка за зимно време.

Истиот опис се повторува и за вториот стан, бидејќи се правени заедно, со ист распоред. Двата стана се лепенка, имаат посебен влез, и како такви може да се користат како 2 независни единици.

Цената за издавање (без вклучен ДДВ):
а) 1.000Еур празен објект
б) 1.200Еур со 30+ бироа, 30+ столици, мрежна и струјна инфраструктура изведена до секое биро, како и плакари, Телевизори, табли.
в) 1.500Еур со вклучени 30+ компјутери и монитор - каде што веднаш може да се почни со работа.
if this Ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
29
072302244

Address:

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information