To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Се издава Деловен простор - „Клуб на новинари“ во центарот на градот. Просторот е со површина од околу 220 метри квадратни, составен од два дела: кафетерија и конференциска сала со кабина за превод. Кафетеријата е во склоп на Клубот на новинари, со површина од околу 140 метри квадратни, со капацитет од 60 места за седење и е погодна за организирање на коктели, изложби, дневни и вечерни забави и сл. Доколку се работи за специфичен настан, кафетеријата може да се искористи за прес конференции, презентации, уметнички изложби, промоции на книги, фокус групи или пак помали концерти. Конференциската сала е во склоп на деловниот простор, и е погодна за организирање на обуки, прес конференции, бизнис состаноци, помали настани за граѓански организации, различни промоции итн. Во склоп на салата има и кабина за превод што овозможува одржување на посериозни настани со консекутивен превод. Површината на салата е 80 метри квадратни. Салата е лесно пристапна, се наоѓа во центарот на градот, на приземје, со одлична вентилација и директна дневна светлина. Таа има капацитет до 40 луѓе. Вреди да се напомене дека просторот располага со два влеза, мала кујна, шанк, машки и женски тоалет и комплетен внатрешен инвентар. Во договор, Клубот може да се изнајми со или без инвентар. Исто така, постои можност за вадење на дозвола за изградба на тенда на предната тераса.
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.