To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Се издава магацин во делот на Макошпед Шуто Оризари, лоциран на самиот влез во населбата на само 500 метри од обиколницата и се граничи со улиците Нов Живот и Гвадалахара. Локацијата е со умерена фреквентност на пешаци и автомобили. Локацијата е опслужена од градска инфраструктура, сообраќаен пристап со асфалтирани улици, сопствен водовод и канализација, електрика, телефонски и интернет приклучок. Магацинот е на приземје, по целата должина има рампа со ширина 2 и висина 1,10 метри. Има пристап од четири двокрилни врати со висина од 5 метри. Максималната висина во магацинот е 9 метри. Во склоп на магацинот е и административната зграда со можност за изнајмување деловен простор со површини од 10, 20 и 30м2. Магацнот е погоден за секаков вид на работа, како и производство.
Магацинот е со вкупна површина од 3135 м2, може да се издаде и помал дел по договор. Објектот е од цврста градба, ги задоволува потребите и законските прописи за магацинско работење.
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.