To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Алфатек ДООЕЛ Скопје е застапник за фирмата HI-Force за хидрауличен алат и опрема. Производствената програма на Hi-Force се состои од преку 1800 производи и вклучува многу различни и уникатни алати. Производите на Hi-force подлежат на најстрогите контроли и процедури за проверка на квалитет. Сите компоненти за производите на Hi-force се произведени во самата фабрика во Велика Британија и притоа се користи најсовремена опрема за нивно тестирање. Алфатек како генерален застапник за производите на Hi-force, покрај производите, нивно одржување и сервис, нуди и специјализирана обука со сертификација за затегање на прирабнички и машински навојни споеви, како и обука за користење и ракување со алатот и опремата. На располагање имаме: - хидраулични цилиндри 1 Капацитет од 4,5t до 1012t 2 Oд на клип од 6mm до 457mm 3 Цилиндри со шуплив клип 4 Алуминиумски екстралесни цилиндри 5 Цилиндри со безбедносен систем од откажување 6 Цилиндри со единечно и двојно дејство - Хидраулични пумпи 1 Рачни хидраулични пумпи 2 Електрични хидраулични пумпи 3 Пневматски хидраулични пумпи 4 Хидраулични пумпи погонувани од бензински мотор - Системски компоненти 1 Хидраулични црева 2 Хидраулични масла 3 Инструменти за мерење притисок 4 Распоредници за контрола на проток 5 Приклучоци, спојки, адаптери, вентили - Хидраулични дигалки 1 Компактни дигалки (алуминиумски, челични и со шуплив клип) 2 Конвенционални шише-дигалки 3 Комбинација глава-палец дигалки 4 Машински дигалки - Момент клучеви 1 Рачни момент клучеви и мултипликатори 2 Пневматски мултипликатори 3 Ударни клучеви (пневматски пиштоли) 4 Хидрауличен момент клуч – со четворка приклучок 5 Хидрауличен момент клуч – со шестоаголна касетка 6 Шестаголни приклучни касетки (метрични и инчни) 7 Клуч за контра потпирање 8 Пумпи за момент клучеви - Истегнувачи на завртки 1 Истегнувачи на завртки (метрични и инчни) 2 Истегнувачи на завртки со повратна пружина 3 Подводни затегнувачи на завртки 4 Воздушни и рачни пумпи за затегнувачи 5 Навртки, црева и други додатоци 6 Bolt Right - софтверска програма за прецизни пресметки - Хидротест пумпи 1.Рачни хидротест пумпи 2 Воздушни хидротест пумпи со стандарден и висок проток
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.