Published: Jul 15 2017 08:19

GEOGAUS Biro za geodetski raboti

Published: Jul 15 08:19
Views: 17
Вебсајт: www.geogaus.com

ГЕОГАУС е биро за геодетски работи основано во 2005 година, специјализирано пред сe за извршување на геодетски работи од областа на инженерската геодезија, проектирање на инфраструктурни објекти и менаџмент на геодетски работи.

  Со примена на најсовремена и софистицирана геодетска опрема како и кадровски потенцијал ги извршуваме сите теренски и канцелариски геодетски работи - теренски геодетски мерења: снимања, обележувања и тековно геодетско водење на градежни објекти од секаков вид; анализа и обработка на мерените податоци и проектирање.

  Со користење на современа техничка опрема, вршиме автоматизирана обработка и анализа на снимени геодетски теренски податоци. Со користење на CAD - софтвери вршиме проектирање на сите видови инфраструктурни објекти од областите на нискоградбата и хидроградбата. Позади нас стојат километри проектирани и изведени линиски објекти - патишта, улици, фекални и атмосферски системи, водоводни системи, каналски мрежи како и голем број геодетско изменаџирани објекти - технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ), мали хидроцентрали, сончеви централи, пречистителни станици за отпадни води, мостови, викенд населби, уредување на езерски крајбрежија, езерски марини, плоштади итн...

  ГЕОГАУС врши комплетно менаџирање на геодетски работи за потребите на концесионерите на позајмишта за експлоатација на минерални суровини, тековно водење на коповите, периодични и годишни прикази на откопани количини.
if this ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
17
0038970273852

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information