Published: Mar 07 2024 04:12

АСИСТЕНТ НА СОЦИЈАЛНА УСЛУГА ЖИВЕЕЊЕ СО 24 ЧАСОВНА ПОДДРШКА

Published: Mar 07 04:12
Views: 79
Краен рок

15.03.2024 Работниот ангажман започнува: 20ти март 2024

За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвораме повик за:

Позиција: Асистент на социјална услуга живеење со 24 часовна поддршка во Скопје за лица со попреченост за 3 станбени единици или 15 возрасни корисници со попреченост

Работни часови: Целосно работно време (40 часа неделно) или пола работно време (20 часа неделно). Постојат двете опции, во зависност од договор со кандидатите се разгледува која опција е по соодветна.

Работните часови се поделени според потребите на корисниците. Најголем дел од работните часови (70 проценти од времето) се во текот на работното време од 8 или 9 часот до 16 или 17 часот. Дел од работните часови (30 проценти од времето) се распределуваат за време на викенд или после 17 часот.

Работните часови се одредуваат во согласност со договор со координаторот на сервисот и итните потреби на корисниците.

Вид договор: По избор на кандидатот. Постои можност за вработување со договор за вработување или ангажирање со договор на дело.

Позадина:

ЦМА КРИК е приватен давател на социјалната услуга живеење со 24 часовна поддршка на лица со попреченост. Моментално координира 3 станбени единици каде живеат 15 корисници. Кон крајот на 2024 година се очекува отворање на 4та станбена единица.

Опис на работно место (Асистент) (1 позиција)
Асистира на сервисот и дава грижа за здравствената и социјалната потреба на корисниците. Асистира на координаторот на социјалната услуга за личните потреби на корисниците.

Должности и одговорности:
Ги придружува корисниците на регуларно закажаните и итните прегледи кај матични лекари и специјалисти.

Комуницира со матични лекари и специјалисти за потребите на корисниците


Води здравствена евиденција за корисниците:

-ги администрира сите извештаи од специјалисти и матични лекари,

-подигнува резултати од клиники и лаборатории,

-ги администрира на соодветно место како дел од регуларно здравствено досие на корисниците

Го прати интелектуалниот, психомоторниот и социјалниот развој како и можностите за работно окупационо ангажирање на корисниците

Ја следи почетната адаптација на корисникот и се грижи за одржување на добра здравствена состојба

Води уредна, стручна дневна евиденција за извршените работни задачи, подготвува за работата

Организира активности за личен и социјален развој на корисниците (асистира при прошетки на корисниците околу

станбените единици, организира кратки екскурзии низ излетнички места во Скопје и околината и слично.)

Место на извршување на работните обврски: теренска работа на местата каде се матичните лекари и специјалистите и местото каде станбените единици се лоцирани (Аеродром).

Почеток на работата: Средина на март 2024 година

Почетна плата: бруто износ од 37 000 мкд за полно работно време.

Договор за вработување нето плата од 25 000 мкд.

Договор на дело нето плата од 33 330 мкд.

Потребни квалификации:

да биде државјанин на Република Северна Македонија

активно да го користи македонскиот јазик

да имаат општа здравствена способност за работата

со правосилна судска одлука да не е осуден на забрана за вршење професија, дејност или должност

да има искуство во работа со лица со попреченост

да има добри координативни и организациски способности

да има искуство во водење на здравствена грижа за лица со попреченост



Како да се аплицира:
Ве молиме, испратете CV и мотивационо писмо на е-адресата: [email protected]

Насловот треба да ја наведува позицијата на работата и вашето име Пр. Координатор Петар Петровски. Апликациите поднесени во други форми нема да бидат разгледани.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани. Сите кандидати се охрабруваат да аплицираат. Рокот за пријавување е до 15.03.2024 година. Кандидатите ќе бидат повикувани на интервју во текот на рокот за пријавување, така да ве охрабруваме да аплицирате веднаш чим изразите интерес како позицијата не би се пополнила.

Што нудиме:

Флексибилна работна средина

Тим спремен да ве поддржи во работата

25 дена годишен одмор

Патувања во странство на работни состаноци и обуки

Можност за ангажман со вработување или хонорарен ангажман (според потребите на кандидатот)
if this Ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
79

Address:

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information