Published: Apr 04 2018 08:46

SERVISER ZA BELA TEHNIKA

Published: Apr 04 08:46
Views: 1
Друштвото за сервисирање и одржување на електронски уреди за широка потрошувачка СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, распишува оглас за вработување на:

Сервисер за бела техника
со место на вршење на работните задачи во Скопје.

Од кандидатот очекуваме:
Завршено средно образование, пожелно насочено стручно училиште
Претходно работно искуство во областа на сервисирање на електронски апарати и апарати за домаќинство;
Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија;
Способност за работа со временски рокови;
Темелност, одговорност и посветеност;
Основно познавање на англискиот јазик (пишан и говорен) ќе се смета за предност;
Основно познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet;
Возачка дозвола Б категорија, активен возач.

Задачи и одговорности:
Брзо и прецизно дијагностицирање и остранување на настанати дефекти;
Точно и редовно следење на работните налози;
Редовно известување до претпоставените за напредокот во работните активности и евентуалните пречки;
Комуникација со клиентите за временски рокови и статусот со уредите оставени за сервис;
Континуирано учење.

Услови за работа:
Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
Континуирана обука

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [email protected], со назнака: “Оглас за Сервисер за бела техника”

Огласот е активен до 13.04.2018.

Општи правила за аплицирање:

Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот)
Назнака на позицијата за која се аплицира;
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во СЕРВИС МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.
if this ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
1
+38971381635

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information