Published: Feb 14 2022 03:18

Se bara finansov administrator

Published: Feb 14 03:18
Views: 1
Компанијата ДЕНМАК ДОО е со 30 годишна традиција и е увозник на кафе и акохолни пијалоци. Заради обемноста на работењето и понатамошен развој објавуваме оглас за:

ФИНАНСОВ АДМИНИСТРАТОР

Потребни квалификации:
• Потребно е претходно работно искуство од 2-3 години, а во истата област ќе се смета за предност (високо образование и лиценца за Овластен Сметководител не е потребно)
• Познавање на работа со компјутер, MS Office пакетот и сметководствени програми
• Познавање на англиски јазик
• Возраст од 25-35 години,
• Сопствено возило затоа што нашата фирма е лоцирана во индустриска зона Визбегово каде нема редовен автобуски превоз.

Опис на работните задачи:
• Материјално работење
• Влез во магацин и излез лагер листи
• Шифрарници Коминтенти Ценовници
• Преносница од акцизен во главен магацин
• Обработка на попис
• Фактурирање и обработка на влезни фактури
• Повратница со одобрение (за Тинекс и Веро)
• Книжење на изводи и благајна
• Ракување со фискален апарат
• Компензација /консигнација-цесија
• Извештај за дополнителни примања
• Пакомак извештај
• Срамнување на картици и подготовка на ИОС
• Пополнување на вирмани

Личен профил:
• Организирана, одлучна и одговорна личност
• Мотивираност
• Навремено исполнување на работните задачи
• Способност професионална комуникација
• Лојалност, иницијативност, темелност и енергичност
• Способност за работа под притисок

Ние нудиме:
• Работа во перспективна средина;
• Постојан развој на професионални вештини;
• Работно време од 08 до 16 часот, Понеделник до Петок;
• Плата 25 000 денари.

Вашето CV испратете го на [email protected] [email protected]
ЛОКАЦИЈА (https://goo.gl/maps/hBCQGJy3FvsXWWh88)
if this ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
1

Address:

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information