To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Алма-М Дооел- објавува ОГЛАС за следната работна позиција:
ДОСТАВУВАЧ со Ц категорија во Скопје
Апликациите се доставуваат на следната емаил адреса : vrabotuvanje@alma-m.mk
Број на оглас: О-220418-Ф-ДО
Работни задачи:
Проверка на возило за достава пред секое заминување на пат, Утовар, транспорт, истовар и достава на производи на безбеден и навремен начин, според спецификација, Прифаќање на плаќања за испорачани производи и уплата на дневен промет во рок од 24 часа, Обезбедување на одлични услуги на клиентите, одговарање на прашања и известување на претпоставениот за жалби од клиенти, Почитување на доделена рута и временски распореди, Почитување на сите закони за транспорт и безбедно возење, Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работата, и други работи по опис на работно место.
Потребни квалификации и вештини: Поседување возачка дозвола Ц – категорија Минимум завршено средно образование Флексибилност за работа на терен Одлична комуникација, Професионално однесување, Организиран, мотивиран и стабилна личност, Динамичен, проактивен и насочен кон резултати Способност за индивидуална и тимска работа Позитивен однос кон промени
Потребно искуство: Активен возач (минимум 2 години) Претходно работно искуство не е потребно
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: vrabotuvanje@alma-m.mk со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена: Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец, период на докажување на способности, со можност за продолжување. САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани! Дневно работно време е претпладне, од 06.00 до 14.00 часот, од понеделник до петок. Паричниот износ на нето плата за огласеното работно место, изнесува до 29,000,00 во зависност од работната успешност. Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена. Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата. Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.Link description
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.