Published: Feb 18 2019 11:37

Gradezen plac 990 m2 vo Dolno Sonje

EUR

Published: Feb 18 11:37
Views: 49
Продавам градежен плац 990 м2 во Долно Соње, општина Сопиште.

Плацот е на 12,0 км од центар на Скопје и 8,5 км од влезот на Сончев град и се наоѓа на 534 м надморска височина.

Веднаш до плацот поминува магистралниот пат до езеро Козјак и плацот е одалечен 15 км воздушна линија од езеро Козјак, 8,9 км воздушна линија од брана Матка 2 и 4,3 км воздушна линија од врв на Водно.

Плацот е со чист имотен лист, се наоѓа во урбанизиран дел со урбанистички план и со градба на објект може да се започне за кратко време, веднаш по добивање на одобрение за градење од општина Сопиште. Урбанизмот овозможува вие да дефинирате точна микролокација на објектот што ќе се гради во рамките на плацот.

Пред плацот поминува главниот цевковод од системот Патишка река што ќе го снабдува Сончев град со вода.

На 50 метри од плацот има автобуска станица од ЈСП автобусите бр. 58.

Плацот е идеален за викендица или за куќа за живеење, локацијата е карактеристична по тоа што е во еколошко подрачје со чист воздух (вклучително во текот на цела зима), многу сончеви денови во текот на цела година, тивко, мирно, чисто и пријатно место што овозможува спокојство, одмор, рекреација во здрава животна средина.

Се наоѓа во втор ред плацеви во однос на главниот пат што значи дека е заштитен од евентуална прашина и бучава од главниот пат.

Градежниот плац е рамничарски и со правилна форма, во него се влегува преку обезбеден пристапен пат во должина од 50 метри и на плацот нема овошен насад (освен 2 големи црешни на крајот од плацот).

Главна карактеристика на плацот:
на 12,0 км од центар на Скопје, а сепак на планина.

Цена на плацот:
20 ЕУР/м2
односно вкупна цена:
19.800 ЕУР
if this ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
49
070235769

Address:

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information