Published: Oct 09 2023 05:14

Продавам четири катастар. парцели во Јане Сандански Орешани

EUR

Published: Oct 09 05:14
Views: 175
Продавам четири катастарски парцели во местото викано Забел, во КО Орешани, според Имотен лист 248 и тоа
во лист Б:
КП 69, култура 11000, класа 7, површина 1966м2
КП 70, култура ГЗ (градежно/земјиште под зграда), површина 68м2
КП 70, култура ЗЗ (земјоделско земјиште), класа 6, површина 1882м2
КП 71, култура 11000, класа 6, површина 1604м2
КП 72, култура 11000, класа 6, површина 1469м2
во лист В:
КП 70, зграда 1, намена А1-1, влез 1, Подрум, површина 42м2
КП 70, зграда 1, намена А1-1, влез 1, Приземје, стан, површина 42м2
КП 70, зграда 1, намена А1-1, влез 1, Приземје помошни простории, површина 18м2
Парцелата 72 излегува на асфалтниот пат Скопје-Драчево-Зелениково, а сите други на локален пат од западната страна (кон градот Скопје), локалниот пат е граница на општините Студеничани и Зелениково. Кога се вози во правец кон Зелениково на главниот асфалтен пат има голема жолта табла дека почнува територијата на општината Зелениково.
Секоја КП може да се подели на два дела сите со излез на локалниот пат, затоа што формата на сите КП е приближно квадратна. КП 69 е запуштен овоштарник од праски.
На КП 70 има шпалир лозје, овоштарник со јаболкници, цреши и ореви и на неа е изградена 1975 легално викенд-куќа, поврзана со градска инфраструктура, водовод и електрична енергија, а одводот е во септичка јама со длабина 15м. На истата КП има изградено и посебна шупа-гаража од 6*4м=24м2. Се што е изградено е од цврст материјал, армирано-бетонска конструкција, со ѕидови од керамички блокови. КП 71 е насадена со родни ореви. На КП 72, парцелата до асфалтниот пат Скопје-Зелениково, има ископано бунар со бетонски прстени д=1м со длабина 8м. Цените на куќата , шупата-гаража и бунарот е износот на вкупниот градежен материјал + сегашниот износ на средства кои треба да се платат за комунален придонес за градење во општина Зелениково
if this Ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
175

Address:

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information