To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
ШИФРА 6142 Импулс недвижности ви нуди за издавање самостојна куќа која се наоѓа во центарот на градот, со паркинг во склоп на сопствената парцела и пред самиот објект. Во склоп на дворот има две надворешни остави (под скалишниот простор и до летната куна), надворешен тоалет и надворешна летна кујна со трпезарија (10м2).
Приземјето (70м2) располага со сопствен влез, влезен хол, канцеларија од 10м2, канцеларија од 14м2 и канцеларија од 19м2. Во склоп на приземјето има и кујна и санитарен јазол. Првиот кат и поткровјето (вкупно 140м2) имаат посебен главен пристап од предната страна на објектот и дополнителен влез од задниот дел на објектот. На катот се наоѓаат влезен хол, канцеларија од 10м2, канцеларија од 14м2 и канцеларија од 19м2. Просторот е опремен со кујна и санитарен јазол. Преку внатрешен скалишен простор се пристапува до поткровјето (70м2). Поткровјето е опремено со кујна, санитарен јазол, две тераси и отворен простор за вработени.
Објектот има сопствен систем за греење и ладење со инвертери во секоја просторија.Објектот се издава за деловна намена. Објектот може да се издава како посебни деловни објекти и тоа приземје со сите помошни простории како една целина, и првиот кат и поткровјето како друга посебна целина.
Цена на целокупниот објект е 1600 евра + режиски трошоци
Контакт 070 274 423 Марија Импулс агенција за недвижностиLink description
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.