Published: Feb 16 2023 01:23

Se izdavaat luksuzni apartmani vo Zdanec

EUR

/ monthly
Published: Feb 16 01:23
Views: 67
Се издаваат луксузни апартмани во Жданец со површина од 100м2 до 150 м2 и дворна површина од 100м2.

Главниот влез води кон приземје, прв кат и втор кат. Дополнително, постои спореден влез кој води до подземната гаража во која можат да се паркираат до четири возила. Подземната гаража има и одделна просторија од 30 м2 која може да се користи како подрум, дополнителна просторија или Utility (машина за перење и сушење). Додатно, можат да се паркираат 2-3 возила пред самиот влез на куќата.

Апартман 1 – 100м2:
Сместен на приземје се состои од целосно опремена кујна, централна бања, мастер спална соба со сопствен гардеробер и сопствена бања, две детски спални соби со сопствени гардеробери, од кои едната има директен пристап кон дворот, голема дневна соба и трпезарија со Smart ТВ и камин и комотна тераса на која се излегува директно од дневната соба т.е. трпезаријата.

Апартман 2 - 110м2:
Сместен на првиот кат има целосно опремена кујна, централна бања, мастер спална соба опремена со брачен кревет и сопствена бања, сопствен гардеробер и сопствена тераса, 2 детски спални соби наместени со кревети и сопствени гардеробери, трпезарија и голема дневна соба со Smart ТВ и камин.

Апартман 3 – 150м2:
Се наоѓа на вториот кат има два нивоа. Првиот дел се состои од дневен простор со Смарт ТВ, камин, трпезарија и целосно опремена, штотуку монтирана кујна, централна бања, како и панорамски прозорци со прекрасен поглен на градот, две спални соба наместени со брачни кревети и гардеробери и Smart ТВ, од кои едната има сопствена бања. Преку внатрешни скалила се доаѓа до вториот дел на апартманот каде се сместени две детски спални соби и бања.

Дворот е целосно поплочен со плочки.

Греењето е организирано со сопствено парно на електрична енергија, ладењето е со клима уреди во секоја соба.
Апартманите се изнајмуваат целосно наместени или празни во зависност од потребите на клиентите.
if this ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
67
+38977720856

Address:

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information