Published: Feb 21 2023 09:08

Kuka so dvor vo Centar kaj Univerzalna Sala

Published: Feb 21 09:08
Views: 24
Се продава комплетно уредена семејна куќа со двор во строгиот центар на Скопје, (во близина на Универзална Сала) на мирна локација помеѓу Босанска Амбасада и Романска Амбасада.

Куќата е на 3 спрата (сутерен, приземје и спрат), комплетно уреден двор со хортикултура и веранда и можност за изградба на уште 3 спрата!

Површина на плац: 112 м2
Површина за градба: 66 м2
Дозволена висина: 16.20 м
Дозволена катност: П+4+Пк
Бруто развиена површина: 393 м2
Коефициент на искористеност: 3.53
Процент на изграденост: 58,75%

Сутеренот е регистриран како деловен простор (40м2), комплетно уреден - 2 простории, купатило и кујна.
Приземјето (40 м2) има дневна, комплетно реновирана нова кујна, ново WC и шпајз (остава) + две тераси (со поглед кон улица и кон двор).
Спратот (50 м2) има 1 спална и 2 детски соби (комплетно реновирани), ново купатило + 2 тераси (со поглед кон улица и кон двор)

Греењето е со 2 инвертер клима уреди.
Куќата има нова, енергетски ефикасна фасада, таванска изолација, комплетно нова електрична инсталација, нов ламинат, висока класа REHAU прозорци, како и подготовка за уште еден спрат - бетонска плоча со пристап (таван) кој може да се уреди.

Куќата има прекрасно уреден интимен двор од 50 м2 со зеленило, хортикултура и летниковец што е вистинска реткост во овој реон на градот.

Куќата е лоцирана ИДЕАЛНО - на тивка улица, а сепак во строгиот центар, безбедна (на 100 метри од Амбасада), во непосредна близина на градинка, училиште, маркети, пазар и т.н.
if this ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
24
+38978853888

Address:

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information