Published: May 24 2024 03:14

Куќа со 2 стана, П+2 ката, 250+30 м2, Црниче

EUR

Published: May 24 03:14
Views: 428
Објектот се состои од плац со основа на изграденост од 102 м2 под куќа, 30 м2 под придружен објект (гаража, летна кујна и тоалет), како и 133м2 уреден двор.
Куќата е изградена со приземје од 76м2, прв кат од 87м2 (со балкони) и втор кат од 87м2 (со балкони). Приземјето и првиот кат се дефинирани као еден стамбен простор, а вториот кат како посебен станбен простор.
При нејзиното целосно реновирање во 2011 година, издвоен е сопствен приклучок за струја со две електронски мерила, сопствен приклучок за вода со шахта и 2 контролни саати за вода, како и засебен приклучок за канализација со шахта кон главната траса. Низ целиот објект се инсталирани комплетно нови инсталации за струја, довод и одвод на вода, ftp и коаксиална мрежа за интернет и ТВ (во секоја соба од објектот), сопствен алармен систем со сензори за заштита од пожар и обивање во секоја соба и просторија од објектот, сопствен видео надзор со 4 камери кон дворот на објектот, како и систем за најава со домофон за секој стан поединечно со можност за електронско отварање на капијата и вратата од зградата, но и систем за далечинско (безжично) отварање и затворање на влезната капија и на вратата од гаражата во дворот.
На поранешната т.н. пластична изолациона фасада, при реновирањето е изведена дополнителна термо фасада од стиропор и дебелина од 8см. Кровот е целосно нов и изработен врз комплетно дрвена покривна конструкција, покриена со изолација од битуменско платно,тервол и висококвалитетен лим од прва категорија. Греењето во објектот и просториите е базирано на економични панели од фирмата Термор, како и инвертер-клими распоредени на секој кат поединечно.
Распоредот на просториите по катови е следен.
Во призмјето освен ходниците и скалите, се наоѓа голем отворен салон поврзан со терпезарија и кујна, помошен тоалет и работна соба - библиотека. Од салонот, низ панорамски врати има директен излез кон верандата - покриената тераса во задниот двор.
Освен по главните скали кои одат до првиот и вториот кат, кон просториите (спалните соби) на првиот кат водат и внатрешни скали директно отворени од салонот кон првиот кат. На првиот кат има две спални соби со сопствени балкони, како и трета соба со страничен прозорец. Освен нив на првиот кат има и голем тоалет со бања, а во големата спална соба и соба-гардеробер со полици.
Вториот кат или посебниот стамбен простор е поврзан со главните скали. Тој се состои од голема дневна соба со балкон, поврзана со терпезарија и кујна, спална соба со балкон, втора соба (детска или работна), како и тоалет со бања и посебна просторија - перална со машини и бојлер.
if this Ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
428

Address:

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information