Company ad Published: Mar 29 2022 01:00

Traktor Solis 50 hp 4wd nov dizajn

Published: Mar 29 01:00
Views: 132
Мала инвестиција за богата иднина

Solis тракторите, производ на групацијата Соналика, се истакнуваат со најдобар квалитет во делот на земјоделието и обработката на почвата на најбрз и ефикасен начин. Овие трактори се карактеристични по тоа што се едни од најекономичните трактори со потрошувачка на гориво кај кои преку поставени инјектори се создава директно вбризгување и максимално согорување на горивото при процесот на работење на моторот.
Solis 50 тракторот, со своите извонредни перформанси и компактен дизајн кој ги поседува, несомнено ги задоволува вкусовите на секој земјоделец и го дефинира поимот за тоа што значи добар трактор.
Yanmar моторите, светски препознатливи и докажани по својата издржливост и долг животен век, со кои е опремен Solis тракторот овозможуваат тивко и мирно работење, висок резервен вртежен момент, како и намалена емисија на издувни гасови штетни по здравјето на човекот.
Со погон на сите четири тркала, во склоп на оските Carraro, Solis 50 го истакнува својот висок коефициент на моќност споредбено со другите модели на трактори од неговата категорија.
Хидрауличниот волан, кој е составна компонента на овој трактор, му овозможува лесно маневрирање на тракторот со мал радиус на вртење при вршење на секојдневни операции.
Странично поставените рачки за менување дозволуваат лесно менување на брзините и поголем простор за секој кој го управува овој трактор.
Кочниците потопени во масло како дел од овој трактор, придонесуваат за висок степен на сигурност, лесно одржување и подолг живот во однос на сувите кочници.
Високата моќ на кревање на хидрауликата од 1 600 кг. овозможува лесно и едноставно работење со секаков вид на механизација или товар.
Предни и задни тегови, кои се достапни во Solis 50 моделите придонесуваат за поголема стабилност и подобра тракција на самиот трактор.

Спецификација на Solis 50 hp НОВ ДИЗАЈН!
✅ Јачина на мотор: 50 hp
✅ 3 Цилиндричен мотор
✅ Погон на сите 4 тркала 4WD
✅ Синхрон менувач 8+2 брзини
✅ Капацитет на подигање на хидраулика 1600 kg
✅ Хидрауличен волан
✅ CARRARO предна и задна оска
✅ Предни тегови
✅ Задни тегови
✅ 3 Куки за прикачување
✅ 3 Години гаранција

📌 ОПЦИЈА КАБИНА!

* Мобилен сервис, опремен со резервни делови и секогаш достапен за вашите потреби.

🤝 Повелете посетете не во нашите продажни салони и уверете се во квалитетот.
Изберете со доверба ХЕМОМЕТАЛ

✅ За повеќе информации:
078242749; 078242748; 078242746
www.hemometal.com
www.facebook.com/hemometal или во

Продажните салони на ХЕМОМЕТАЛ:
✅ Прилеп 070/237-490
✅ Росоман 078/242-261
✅ Облешево 072/211-378
✅ Св.Николе 072/211-379
✅ Скопје 078/237-293
✅ Ресен 078/242-754
Link description

ХЕМОМЕТАЛ

Хемометал

Партнер и пријател со секој земјоделец !

Нашата компанија Хемометал од Битола е основана во 1989 година со седиште и сопствен склад во населба Кравари, Битола. Приоритетна дејност на компанијата е продажба на трактори и земјоделска механизација, вештачки ѓубрива, опрема за фарми, градинарска опрема и ситна механизација. 
Уште од самите почетоци целосно сме посветени кон развојот и унапредувањето на своите клиенти, овозможувајќи им пристап до најсовремените производи коишто се технички усовршени и со препознатлив висок квалитет, а достапни само во продажните места на Хемометал.
Нудиме производи од најдобрите и најпрепознатливи светски брендови: Zetor, Solis, Hattat, Alpler, Ilgi, Tinaz, Fimaks, Ruris, Stiga, Metalfach, Zanon и многу други реномирани компании чиишто производи Вам ќе ви овозможат зголемување на продуктивноста а воедно и унапредување на вештините во земјоделието. 
Посебно сме горди и ни претставува огромна чест што сме една од водечките компании во Македонија, распространети со свои продажни места ширум целата територија, со изложена комплетна палета на производи достапна до секој земјоделец.
Нашата главна цел и стратегија се насочени кон воспоставување голем број пријателства и партнерства со коишто заеднички ќе растеме и ќе постигнеме повисоки хоризонти. Секогаш се стремиме на своите купувачи да им овозможиме брза и професионална услуга, целосен пристап на нови информации и комплетно услужлив сервис било кога и било каде. 
Хемометал претставува синоним за модерно земјоделство. 
Изберете со доверба !
Visit our store page

Гоце Делчев 49 нас.Кравари

078242749

https://www.hemometal.com

if this Ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade

Seller

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information