Македонски | Shqip | English |

ХЕМОМЕТАЛ

Изберете со доверба !


Хемометал

Партнер и пријател со секој земјоделец !

Нашата компанија Хемометал од Битола е основана во 1989 година со седиште и сопствен склад во населба Кравари, Битола. Приоритетна дејност на компанијата е продажба на трактори и земјоделска механ
  Прикажи повеќе
Хемометал

Партнер и пријател со секој земјоделец !

Нашата компанија Хемометал од Битола е основана во 1989 година со седиште и сопствен склад во населба Кравари, Битола. Приоритетна дејност на компанијата е продажба на трактори и земјоделска механизација, вештачки ѓубрива, опрема за фарми, градинарска опрема и ситна механизација.
Уште од самите почетоци целосно сме посветени кон развојот и унапредувањето на своите клиенти, овозможувајќи им пристап до најсовремените производи коишто се технички усовршени и со препознатлив висок квалитет, а достапни само во продажните места на Хемометал.
Нудиме производи од најдобрите и најпрепознатливи светски брендови: Zetor, Solis, Hattat, Alpler, Agrex, Gaspardo, Stiga, Metalfach, Ilgi, Turkay, Palazoglu, и многу други реномирани компании чиишто производи Вам ќе ви овозможат зголемување на продуктивноста а воедно и унапредување на вештините во земјоделието.
Посебно сме горди и ни претставува огромна чест што сме една од водечките компании во Македонија, распространети со свои продажни места ширум целата територија, со изложена комплетна палета на производи достапна до секој земјоделец.
Нашата главна цел и стратегија се насочени кон воспоставување голем број пријателства и партнерства со коишто заеднички ќе растеме и ќе постигнеме повисоки хоризонти. Секогаш се стремиме на своите купувачи да им овозможиме брза и професионална услуга, целосен пристап на нови информации и комплетно услужлив сервис било кога и било каде.
Хемометал претставува синоним за модерно земјоделство.
Изберете со доверба !
ХЕМОМЕТАЛ
Гоце Делчев 49 нас.Кравари
Битола
02 јун. 13:53 Машини и Алати , Битола

Stiga Collector 40

5 400 МКД

12 мај 08:51 Машини и Алати , Битола

Stiga Collector 34

3 900 МКД

Кон почеток