To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Корпоративните вредности се суштината на нашиот идентитет.
✨ Диа Груп Лајтинг е италијанска компанија, која одлучува својата работа да ја претстави и да отвори свој производствен погон 🏭 во Република Северна Македонија. Како суштина на идентитетот на Диа Груп Лајтинг се корпоративните вредности кои ја претставуваат целта на постоењето на нивната компанија. Ова се вредности кои ги издвојуваат од останатите и им помагаат да управуваат и да го подобруваат нивниот бизнис 📈.
Ова е компанија која секогаш се труди да ги следи новите трендови и да создава иновации 💡. Тие секоја идеја внимателно ја проценуваат и последователно ја спроведуваат, а со тоа се во чекор со најновите трендови во овој динамичен свет во кој живееме. Секако дека нивните клиенти 👥 играат голема улога при проширување на нивните хоризонти 🌐 и подобрување на нивната работа, се со цел да се исполнат нивните барања и потреби во однос на осветлувањето.
Како компанија се посветени на идејата за подобрување на животната средина 🌱, и тоа што е можно поефикасно. Решенијата за осветлување кои ги нудат се произведени со рециклирани материјали 🔄, кои ја поддржуваат идејата за зачувување на природните ресурси и намалување на негативното влијание врз животната средина 🌍.
Диа Груп Лајтинг произведуваат ЛЕД извори на светлина, благодарение на нивниот центар за производство 🏗️ кој ја поддржува логистиката Just-In-Time ⏱️, гарантирајќи им на нивните клиенти квалитетни производи ✅ кои се брзо достапни 🚚.
Групацијата Диа Лајтинг нуди различни можности за прилагодување се со цел да креирате целосен опсег на Лед осветлување: од ласерско гравирање 🔬 на логото на сијалицата до уникатни прилагодувања на пакувањето 📦 на производите.
Во Македонија групацијата е основана во 2015 година. За сите информации може да ги контактирате на нивниот маил 📧 dyagrouplighting@gmail.com или да ги посетите 📍 на Борис Трајковски бр. 111 - Кисела Вода.
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.