Register a Pazar3 Account and get 50 denars!

ЕЛИНГ

Иновативноста и флексибилноста кон промени се нашата моќ

Елинг е компанија, која е присутна на македонскиот пазар од 1991 година. Сместена е во Скопје, најпрво започнувајќи како мал бизнис, но подоцна, благодарејќи на својата компетентност и професионалност, оваа компанија бележи постојана експанзија и денеска брои над 50 вработени, секој професионалец во својата работа.

Примарната дејност на оваа компанија е директна продажба на електрика за потребите на домаќинствата и индустријата, како и технички решенија и инженеринг услуги.
Елинг континуираниот успех и развој на компанијата, го темели на иновативност и флексибилност кон промените и адаптирањето кон пазарот и потребите на потрошувачите, а потрошувачите се тие што треба да бидат секогаш задоволни, градејќи долготрајни партнерства како темел за заеднички успех.

Поради својот успех, што го покажува сите овие години наназад, Елинг неколку години активно и успешно учествува со директни проекти и инвестиции, во сферата на градежништвото, односно изградба и продажба на станбен простор како и голем број проекти од делот на патната инфраструктура.

Од 2016 година па наваму, компанијата успешно влегува и на пазарот за производство и трговија на електрична енергија, преку директна инвестиција за изградба на мала хидроелектрана МХЕ Бањани. Инвестицијата во производство на обновлива електрична енергија е зголемена со нови проекти за изградба на 5 мали ХЕЦ.

Во продолжение ќе ги набројаме дел од производите кои ги нуди Елинг:
- осветлување (сијалици; лед цевки; лед тела; арматури и лустери),
- електро орема (галантерија; заштитна опрема, дистрибуција и контрола; склопки и прекинувачи; контактори и заштитни релеи),
- кабли и проводници (груман продолжни кабли),
- инсталациски материјали и системи (дозни и разводни кутии; носач на кабли).

Елинг соработува со повеќе земји и е официјален застапник и дистрибутер на повеќе реномирани брендови од областа на електриката и автоматиката како Schenider Electric, Grumman, Ledvance, OSRAM, VITO и други.
Постојано лансира нови производи, се со цел да ја задоволи побарувачката и да ги проширува своите хоризонти во работењето.

За сите информации може да ги исконтактирате на 02 / 2770 500

бул. Србија бр 13-а

Kisela Voda, Skopje

Ads in the store

All 1-5 of 5
To the top

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information