Register a Pazar3 Account and get 50 denars!

Gumi Protekt

Најдобрите јапонски трактори се кај нас.

Сите што се занимават со земјоделие се запознаени и знаат дека без трактор работата што ја работат би им била многу потешка и понапорна. Тракторот е возило на моторен погон, така конструирано да влече, да потиснува или да носи дополнителна алатка, односно да служи за погон на таквите алатки или за влеча на приклучни возила.

Тракторите се универзални машини, на кои може да се приклучат различни дополнителни уреди, како што се плуг, цистерни за наводнување, приколки и сл. Тракторите се делат по нивната сила и големина. Најсилните достигнуваат и до 300 коњски сили моќност.

Освен за работа по полето, сега модерните трактори се користат и за транспорт, при што достигнуваат и брзина од 60км/час.

Во денешно време има голем избор на трактори, што не било случај и во минатото. Продавницата Гуми Протект од Неготино иако има голем број на најразлични производи за земјоделие, сепак најголем акцент имаат ставено на тракторите и делови за нив, како и поправање и сервис на истите.
Тракторите во Гуми Протект се директен увоз од Јапонија и истите се најповолни за обработка на овоштарници, фолии, лозја и сл.
Тракторите се со перфектен мотор и менувач, кои се многу лесни за управување. Јапонските трактори имаат многу мала потрошувачка, што е еден од најбитните фактори зошто да се одлучите токму за нив.

Некои марки кои ги има во Гуми Протект се : Mitsubishi , Kubota, Yanmar, Shibaura, Hinomoto. Сите се со различни спецификации и служат различни потреби.

Освен јапонски трактори може да најдете и разни косилици за трева, виљушкари, виљушкари утоварачи, мотокултирватори, грбни прскалки, има и кампери и сл.

Гуми Протект скоро сите свои производи ги има огласено во склоп на нивната продавница на Пазар3, со сите вклучени информации за продуктот.

Доколку сакате директно на лице место да ги погледнете тракторите, па и да ги испробате, нивниот дуќан се наоѓа на ул. Железничка бр. 1 - Неготино.
Таму ќе Ве пречека љубезен персонал кој секогаш е спремен да даде одговор на сите Ваши прашања.

ул. Железничка бр. 1

Negotino

Ads in the store

All 1-19 of 19
To the top

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information