To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
МАН Импортер Македонија д.о.о.е.л. е ексклузивен увозник на комерцијални возила од реномираниот производител MAN Truck&Bus AG од Минхен за македонскиот пазар. Соработката започна во 2011 година и успешно трае сѐ до денес, за што сведочи и наградата за најдобра презентација на новите Еуро 6 модели, како и на целокупниот MAN имиџ во 2013 година. Нудиме нови и користени комерцијални возила од гамата на МАН и Неоплан, камиони во распон од 7.5 до 48 тони носивост. МАН-овите возила се одликуваат со висок степен на квалитет во изработката, нагласена економичност, голема издржливост и трајност во најтешките услови за работа, како и прилагодливост кон сите специфични потреби на клиентите. Потврда за тоа е големата присутност на МАН возилата во различни стопански гранки, како што се меѓународен превоз, превоз на специјални товари, пошта, градежни материјали, комунални дејности, шумарство, прехрана, земјоделство и слично. Пост-продажната активност се состои во снабдување на македонскиот пазар со оригинални МАН резервни делови, а сервисната организација е задолжена за одржување на возилата во и надвор од гаранцискиот рок. Работата на МАН во Македонија докажува дека квалитетните производи со професионален пристап кон секој купец се барани на пазарот, а нашите партнери и корисници се задоволни од услугите кои ги добиваат. Ние и понатаму ќе се трудиме да ја оправдаме довербата во нас. Улица 2, бр.84, Илинден 1000 Скопје
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.