Register a Pazar3 Account and get 50 denars!

Овалекс трејд

Професионална опрема за угостителство, пекарство и слаткарство.

Фирмата Овалекс трејд е основана во Скопје 1999 година. Основна цел е да понуди професионална опрема за угостителството, односно за пекарство и слаткарство, исто така и за прехрамбената индустрија, суровини за производство на млечни десерти и сладолед. Од врвно познатите производители на прехрамбени материјали, Овалекс трејд соработува со: Codap - Италија, Favoreta - Турција, Irca - Италија, Meister - Турција, Pendik - Турција, Toshev - Бугарија. Овие брендови се само дел од асортиманот на производи што го нуди Овалекс трејд на своите корисници.
Овалекс трејд како генерален застапник и дистрибутер на Mateks, на своите клиенти им нуди професионални машини за производство на:
- бурек,
- тортили,
- мантии и кори за баклава.
Преку својот долгогодишен соработник Sevel, Овалекс трејд на своите клиенти им нуди врвни квалитетни витрини за разладување на:
- торти,
- колачи, и други видови на слатки.
А преку својот исто така долгогодишен соработник Empero, им нуди најголем асортиман на апарати и машини во сите области, се со цел за побрза и поуспешна работа во својата дејност.
Сите горе наведени фирми се добро познати брендови кои што произведуваат производи по најсовремените светски стандарди. Целта им е потрошувачите да се задоволни од сите нивни артикли. Овалекс произведува:
- нишесте,
- гликоза,
- млеко во прав,
- какао,
- сусам и друго.
Претежно се занимаваат со трговија на големо и дистрибуција на производите што тие ги нудат. Имаат дистрибутивна мрежа од свои возила, и можат да направат достава на својата роба до своите корисници секогаш кога ќе биде потребно.
Овалекс трејд исто така располага со повеќе објекти во Скопје, кои истите се на различни локации.
Станува збор за досега отворени три продажни салони и тоа:
Објектот еден се наоѓа на ул. 1 бр. 133 Визбегово. Во него се продаваат репроматеријали за пекарство, индустрија и слаткарство. Објектот два се наоѓа на ул. Славеј Планина бр. 107 (пластичарска улица) и во него се продава професионална опрема за угостителство, пекарство и слаткарство. А во третиот објект се врши продажба на прехрамбени материјали за пекарство , индустрија и слаткарство, и истиот се наоѓа на ул. 520 бб населба Автокоманда, Скопје.
Покрај Македонија, производите на Овалекс трејд се застапени и на пазарите во Република Србија, Косово и Албанија.

Ул. Славеј Планина 107

Centar, Skopje

Ads in the store

All 1-22 of 22
To the top

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information