Published: Apr 05 2018 04:30

Se izdava moderno namestenа kuka vo Taftalidze 2

Published: Apr 05 04:30
Views: 21
Се издава модерно наместена куќа во населба Тафталиџе II лоцирана во близина на новиот трговски центар City Moll i основните и средните училишта „Јахја Кемал“ и “Нова“, веднаш до новоотворениот Рамстор во зградата на Адора. Куќата е со површина од 135 м2 на две нивоа, а има и подрум со површина од 45 м2. Има засебен уреден двор со површина од 55 м2. Куќата е новоградба, а при израдба се користени највисоки безбедносни и еколошки стандарди (комплетно е уредена со високо квалитетно дрво бел габер, потекло од хрватска, користен за паркетот и внатрешните скали лакиран со еколошки лак, целиот малтерај е со еколошки материјали, фарби, комлетно осветлување на објектот е стилизиран од австриско потекло, целиот инвентар во купатилата и плочките од италијанско, германско и словенечко потекло, опремен со комплетно нови ствари, блиндирани врати, сопствено парно, дизајниран камин. Куќата се состои од приземје (пространа дневна соба 42 м2, засебна кујна 15 м2, влезен дел и гостинско купатило) и спрат (модерно опремена спална соба и две детски соби соби и балкон), подрумскиот дел е модерно уреден и комлетно обезбеден од влага, модерно уреден двор со површина од 55 м2. Куќата е на приземје и спрат, а зидовите се со трослојна термичка изолација (зидовите се на принцип на сендвич со 8 см стиропор и 5 см тервол и надворешно на фасадата 5 см стиропор, со пластичен малтер) така да обезбедува перфектни услови за живеење без користење на клима уред во лето и со минимално греење во зима, ситемот за греење е со италијанско потекло, а котелот за парно од словенечко потекло и истиот е на струја со посебен систем за заштеда. Куќата е слободна од 15 април 2018 година, месечна закупнина 1100 Евра, постои можност за издавање за подолг временски период. Куќата се издава лично од страна на сопственикот на станот без подстредство на агенции. Контакт телефон 076333997, контакт особа Лука.
if this Ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
21
076333997

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information