To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
БЕЗ АГЕНЦИИ!!! Само за сериозни купувачи со простор за разумен договор за цената.
Се продава комплетно реновиран стан во самата Скопјанка од 103м2 со чист имотен лист, од прв сопственик. Слободен од јули 2026та.
1. 6/6 кат (не е поткровје и нема косини) 2. Многу светол и класичен распоред 3. Северо-источна позиција, не гледа на главна улица и нема можност за подигнување објект во близина на зградата (непречен поглед) 4. Два функционални и одржувани лифта кои постојано се во функција - товарен и стандарден 5. Паркинг места на самата зграда 6. Тивка локација, мирна зграда, соседите не се слушаат никогаш. 7. Градско парно
Располага со: 1. Отворен концепт дневен простор 2. Широки ходници 3. Три пространи спални соби одвоени од дневниот простор со ходник 4. Бања 5. Тоалет / Утилити 6. Остава 7. Голем и мал балкон
Станот е комплетно реновиран во септември 2024та година: 1. Паркет струган, заменет (по потреба) и лакиран, нови лајсни 2. Нови подни и ѕидни плочки 3. Нова водна и електрична инсталација 4. Реновирани тоалети 5. 6 коморни UPVC прозори и врати со комарници и ролетни 6. Собни врати 7. Две надворешни сеф врати зa дополнителна безбедност и звучна / температурна изолација 8. Кујна и остава 9. Зидови 10. Балкони 11. Комплетно проверен и дополнително обезбеден покрив на сопствена сметка (инаку секоја поправка во иднина е на товар на целата зграда)
Станот се продава полу наместен. Во него остануваат: 1. 2 вградни и еден ходнички плакар како и дополнителен вграден шкаф и полици во Мастер 2. Опремени бања и тоалет / утилити (без машина за перење и сушење) со нов 50л Аристон бојлер 3. Нова кујна со висечки шанк од метална конструкција изработена од висок квалитет материјали, иноксен flush мијалник и компакт плочи од Egger за работна површина, како и Аристон 15л бојлер на кој е врзан и тоалетот (во кујната не останува бела техника) 4. Остава која е изработена со истите материјали како кујната 5. Параван од безбедносно пескарено стакло за визулено двоење на просторот 6. Нова рамка за кревет со складирање (без душек) 180 х 200цм 7. 2 нови инвертер клима уреди (GREE и Vivax, двата 3.5) 8. Вградено шкафче со полици во дневниот простор со истиот материјал како кујната и первазите на прозорите 9. Полица на извлекување во складишен простор под прозорите во дневната 10. Закачалка за капути / јакни и дополнителна опрема со истите материјали како кујната
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.