To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Се продава комплетно наместен, 79м2 модерно уреден стан во Ново Лисиче + 4м2 подрум Станот: - Се наоѓа спроти ЕВН (кај паркот Авионче) - На 8 од 9 кат. Зградата има 2 лифта кои се комплетно функционални - пространа тераса со преубав поглед на Водно (Југозападна ориентација) - Одлични соседи. - Има дневна, спална и детска соба, - Комплетно опремена кујна (микро, релна, електринска/плинска рингла, машина за садови, машина за перење алишта) - Пожарникарска тераса - Економски ефикасен. Во станот е вграден соларен систем, поставен од предната страна на терасата. - Болјерот е поврзан со надворешниот колектор, но исто така е поврзан и со централното парно греење на Топлификација. На овој начин, летно време, колекторот ја грее водата, додека преку зима, константно има топла вода. Болјерот се користи повеќе само во преодните месеци, кога нема парно и кога врне. Исклучително ниски месечни трошоци (пример за 4 члено семејство, 2 возрасни, 2 мали деца) - Струја 600-1000 ден. Готвење на плин (има и електрична рингла) - Вода/ѓубре 450 ден. - Влез 400 ден. - Телевизија/интернет - 1300 ден - Топлификација 2500 ден (секој месец во годината).
Станот се продава комплетно наместен, како што е на сликите т.е. НЕ се продава празен. Целосно е реновиран во 2015. Нови прозори, нова инсталација за греење, нова електрика и водоводна инсталација. Во станот не е потребна никаква инвестиција. Катастарски е чист, без никаква хипотека.
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.