To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Се продава стан во н. Даме Груев ( Новоселски пат ). Внатрешната површината на целиот стан е 89м2, површината на терасите е 12м2. Од 5 соби, 4 соби излегуваат на тераса. Станот се наоѓа на 3 кат од вкупно 6. На секој спрат има само по еден стан, што значи вкупно 6 стана во цела зграда. Зградата нема лифт. Станот е физички поделен на 2 дела т.е. на 2 помали стана ( еден двособен и еден еднособен ), со посебен влез, тоалет, кујна и балкон. Има ПВЦ прозори и добро сочуван паркет и столарија. Има функционален подрум од 5м2. Пред зградата има голем паркинг простор.
Станот е идеален за живеење на 2 генерации - родители кои сакаат да живеат блиску до своите деца, како и за возрасни луѓе кои имаат потреба да се грижат за своите родители - да живеат заедно, но сепак одвоено т.е. секој да си има приватност. Сепак, станот многу лесно може да се врати во првобитната состојба т.е. да се спојат двата дела, без никаков проблем и трошок и да биде погоден и за живеење на едно семејство кое сака да ужива во поголем простор.
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.