To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Прекрасен непречен поглед кон Шар Планина, Водно, Матка и Вардар. Мирно и тивко место за живеење, богато со зелени тревни површини и паркови. Се наоѓа на 100 метри од пешачката патека на Вардар и на 400 метри од City Mall. Во непосредна близина на станот има детска градинка, основно училиште, бројни маркети, пекара и др. Станот има преубав распоред, одлична квадратура на соби и е комплетно наместен во рустичен стил. Располага со: комплетно опремена кујна (која има сопствена тераса), трпезарија која е функционално поврзана со дневна соба и тераса, детска соба, спална соба, кои се исто така комплетно опремени со мебел, купатило и гостински тоалет. Дополнително станот е опремен со вградени плакари, машина за перење, клима уред, 2 LCD TV и друга покуќнина. Зградата е со висок степен на асеизмичност, со потврда издадена од понов датум. Зградата има сопствен паркинг, 3 лифта, одлична хигиена и домофон безбедносен систем. Станот се наоѓа во Карпош 4 (трите убавици), ул. Вич, 12/17 спрат, со вкупна квадратура од 84 м2 и се продава комплетно наместен за 75.000 еур.
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.