To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Стамбениот објект се наоѓа на атрактивна локација каде се развива нова модерна инфраструктура, во близина на повеке училишта, градинки и маркети. Рок за иградба на објектот е 24 месеци, има катност од приземје плус 5 катови, со фкупно 39 стамбени единици и еден деловен простор. Становите се со квадратура од 30 м2 до 80 м2. КОНСТРУКЦИЈА: Армирано бетонска конструкција, фундирањето се изведува како темелна плоча, меѓуспратните плочи се со армиран бетон дебелина 15 cm плус оплата од стиропор дебелина 20 cm, последната плоча е рамна и над неа се поставува потребната термо и хидро изолација, кровот се изведува од дрвена конструкција, тер папир и лим. ЅИДОВИ: Надворешните ѕидови се изведуваат од керамички блок дебелина 25 cm и термо изолација 10см, преградните ѕидови помеѓу становите и ходниците се изведуваат како сендвич од тули дебелина 25 cm - 2 x 10см и тервол од 5см , преградните ѕидови во станот од гипс - картонски плочи со термо и звучна изолација 10см. ПРОЗОРИ И ВРАТИ: Надворешните фасадни прозори и врати по станови се изработуваат од ПВЦ профил REHAU со 5 комори термоизолирани профили и застаклени со термопан стакло. Влезот во објектот (ветробранот) и излозите од локалите се од термоизолирани профили од елоксиран алуминиум. Влезните врати во становите се противпожарни сигурносни со сефовска брава со механизам за вертикално забравување како и фиксни чивии кај шарките,со вкупно 8 точки на заклучување. Внатрешните врати се медијапански во три бои. ПОДОВИ: Термо изолација е поставена на сите катови и на кров. Хидро изолација е поставена на WC-купатилата и балконите, каде што е поставена керамика прва класа. Во становите е поставен високо квалитетен ламинат (дневниот престој, предсобје, спалните и трпезариите). Во кујните е исто поставена керамика со висина до 150см. Во ходниците за комуникација се поставува гранитна керамика САНИТАРНА ОПРЕМА: Сите станови се опремени со комплетна санитарни елеманти (WC-шоља, умивалник, кади или туш кади и славини и батерии. ЛИФТ: Патнички лифт кои ги поврзува сите етажи во објектот.
Услови за продажба: - Учество 20% остатокот на рати до завршување на објектот 04.10.2019 година без камата. - Учество 15% остатокот со кредит преку Sparkаsse со 2.9 % камата во првите три години, како хипотека се зема станот кој ке го купите, нема потреба од заложување на дополнителен имот, можност за кредитирање до 30 години. -Цена за станбена површина за 1м2 во предпродажба од 599 еур + 5% ДДВ Повеке информации ќе добиете во 2Б ИНВЕСТ ГРУП
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.