Published: Apr 22 2024 09:31

Odlicen stan 64m2 + 10m2 terasi vo Strumica

EUR

EUR
Published: Apr 22 09:31
Views: 538
Се продава одличен стан на 2. кат на мирно и тивко место, а сепак на 7 минути од центарот на градот. Локацијата е прекрасна. Станот според имотен лист е со површина од 64 м2, плус две тераси (поголема од 6 м2 и помала од 4 м2) што не се влезени во оваа квадратура, како и подрум место. Пред зградата има место за паркирање, што не е директно на улица.
Станот располага со дневна, кујна, трпезарија, спална соба, детска соба и купатило.
Станот е неодамна целосно реновиран со комплетно променета канализација, сите кабли (телевизиски, мрежни кабли и сл.) се вградени во ѕидовите, целосно нова инсталација за струја и нови внатрешни и надворешни врати и прозори со ролетни и комарници.
Станот е комплетно опремен со најквалитетен мебел и сите апарати за домаќинство (комбиниран фрижидер, плотна за готвење, микробранов уред, фурна, садоперачка и комбинирана перачка за алишта со сушара, проточен бојлер Stiebel Eltron со дисплеј и регулатор на температура поврзан со целиот водовод). Исто така, има поставено и функционално парно на струја со вграден Wi-Fi термостат и термо-глави на секој радијатор.
Цена 78.000,00 евра. Цената е фиксна.
if this Ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
538
078423256

Address:

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information